/ Прочитано:

1.907

„Се забранува пиење и јадење за цело времетраење на попишувањето во домот“

Официјално е објавена одлуката за дополнување на одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест ковид-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена.

Меѓу другото, во одлуката во делот „Фаза на спроведување на Пописот на терен“ се пропишува дека спроведувањето на Пописот ќе се врши на терен со попишувачи кои треба да влезат во секое домаќинство, што значи дека физичките контакти се неминовни.

Во такви услови, се пропишува понатаму во одлуката, секој попишувач ќе користи лична заштитна опрема која се состои од: заштитна маска (КН95), спреј за дезинфекција нa paцe на база на 70% алкохол и каљачи.

Дополнително, попишувачот задолжително да практикува често миење, односно дезинфицирање на рацете.

Протоколот за заштита опфаќа:

– Задолжително носење заштитна маска (КН95) во домаќинствата и за целото времетраење на попишувањето;

– Задолжително одржување на пропишаната дистанца од 1,5–2 метри за цело времетраење на попишувањето во домот;

– Се забранува вадење, поместување и менување на заштитната маска за цело времетраење на попишувањето во домот;

– Се забранува пиење и јадење за цело времетраење на попишувањето во домот;

– Користење на средства за дезинфекција на рацете пред влегувањето и по излегувањето од домаќинството;

– Надворешна дезинфекција на лап-топот пред влегувањето и по излегувањето од домаќинството;

– Доколку постојат услови, треба да се користи секоја можност за попишување во двор, на тераса, веранда, со задолжително носење на заштитна маска (КН95) и растојание од најмалку 1,5–2 метри.

– Пред влегување во домаќинството задолжително попишувачот да стави каљачи на обувките.

Соопштение од Владата за пописот на дијаспората

Левица го оспори Законот за попис пред Уставниот суд

Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис

Одредбите од Законот за попис за тоа кои лица ќе се опфатат со пописот

Законот за попис на собраниска седница

Предлог-законот за попис пред Законодавно-правната комисија

Глобите и кривичното дело во Предлог-законот за попис

Предлог-законот за попис со европско знаменце на собраниска седница

И Предлог-законот за попис на дневен ред на Комисијата за европски прашања

Откажана расправата за Предлог-законот за попис пред Комисијата за европски прашања

Презентирани новините во Законот за попис на населението

Утврден текстот на Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите

Објавен текстот на Предлог-законот за попис

Новиот Закон за попис се подготвува во Министерството за правда

М.В