/ Прочитано:

724

Соопштение за новите олабавени мерки – се укинува забраната за движење

Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и ги донесе следните одлуки:

  • Почнувајќи од 16 јуни 2021 година (среда), престанува да важи забраната и посебниот режим на движење на лица и возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија.
  • Исто така  од 16 јуни, се укинува ограничувањето на работното време на сите угостителски објекти и угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, казината и обложувалниците и други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, а за време на работно време се дозволува работа само на отворените делови – тераси од угостителскиот објект, освен служење пијалаци во внатрешноста на казината и автомат клубовите.
  • Владата донесе заклучок да се дозволи одржување на настани на отворено со 50% од капацитетот на просторот каде што ќе се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1000 посетители.
  • Согласно препораката на Комисијата за заразни болести од утре е дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси со максимум 50% исполнетост на капацитетот на отворениот дел, наместо максималните 100 гости како што беше до сега.
  • Владата донесе заклучок да престане да важи обврската угостителскиот објект во кој има прослава да ја регистрира и пријави прославата во угостителската комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби.

Главниот кризен штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести

Целосно укинување на полицискиот час предлага Комисијата за заразни болести

„Забрането ракување и гушкање со гостите“ – една од мерките во протоколот за свадби

Соопштение за новите олабавени мерки

НУК реагира за новите протоколи за угостителските објекти

Главниот кризен штаб ги прифати предлозите на Комисијата за заразни болести

Заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено, полицискиот час да остане на сила

Мерките за ограничување на движењето ќе продолжат до 1 јуни

Комисијата за заразни болести предлага да останат на сила веќе постоечките рестриктивни мерки

Соопштение за новите рестриктивни мерки

Полициски час од 24:00 часот, угостителските објекти да работат до 23:30 часот – Комисијата донесе повеќе олабавени мерки

Забраната за движење наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден

Главниот координативен кризен штаб го поддржа предлогот на МЗ за забраната за движење

Продолжени мерките за ограничување на движењето до 27 април

Главниот координативен штаб ќе ја разгледа можноста за намалување на рестрикциите

Нови рестриктивни мерки

Рестораните и угостителските објекти ќе работат до 21:00 часот, со некои исклучоци

Детали за новите рестриктивни мерки во пресрет на празниците

Владата донесе одлука да продолжи актуелната забрана и посебен режим за движење до 6 април

Секој граѓанин којшто ќе се најде на граница за време на полициски час мора да биде пропуштен за да стигне во својот дом

МИОА објави детали во кои случаи е дозволено движење за време на забраната

Донесена одлуката за забрана за движење од 22:00 до 5:00 часот

М.В