/ Прочитано:

6.583

За работодавачите кои не исплаќаат К-15 или ги бараат парите назад Кривичниот законик предвидува затворската казна

Регресот за годишен одмор е право воспоставено по пат на дијалог помеѓу претставниците на работниците, во конкретниот случај Сојузот на синдикатите на Македонија,  и од претставниците на работодавачите – ОРМ, и со оглед на тоа што се работи за право уредено спогодбено, со потпишување на колективен договор, очекувано е работодавачите целосно да ја исполнат обврската што доброволно ја презеле.

Во согласност со членот 35 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, регресот  за годишен одмор се исплатува во  висина  од најмалку  40% од основицата,  под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

Основицата за пресметување на надоместоците на работниците претставува просечната месечна нето-плата по работник во Република Македонија исплатена во последните три месеци.

Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач  може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор.

Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината. Износот се утврдува според основицата која важи на денот на донесувањето на одлуката за исплата.

Со Спогодбата за изменување и дополнување на ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството (Сл. весник бр. 119 од 2015) е определено дека кај работодавачите кај кои настанале тешкотии во работењето, ценејќи ја економско-финансиската состојба на работодавачот, по задолжителна претходна консултација со синдикатот на ниво на гранка, односно оддел, со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со овој колективен договор.

Кај работодавачите во кои нема формирано синдикат спогодбата се потпишува со избран претставник од работниците.

Службите за бесплатна правна помош на ССМ во Скопје и во регионалните синдикални претставништва низ Републиката за своето членство обезбедуваат правна помош и заштита и за ова право од работен однос.

За неодговорните  работодавачи кои не исплаќаат регрес за годишен одмор  или бараат од работниците да ги  вратат исплатените средства по овој основ,  Кривичниот закон предвидува затворска казна до 1 година. Оваа законска обврска дополнително ќе придонесе за заштита и остварување на ова уставно и законско право на работниците (Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Сл. весник бр. 226 од 2015 г.).

ССМ очекува, како резултат на зајакнатата санкциона политика и измените на Кривичниот закон, да се елиминираат и оние појави каде што имаше практика исплатата да се изврши формално, а потоа да се враќаат средствата бидејќи и ова е предвидено во Кривичниот законик, за што следува казна во согласност со членот 166 новиот став 2, кој гласи:

„(2) Тој што ќе побара од работник да му врати или ќе прими одреден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавачот, ќе се казни  со затвор од три месеци до една година.“

На работниците на кои нема да им биде исплатен  регресот за годишен одмор им укажуваме дека можат да побараат интервенција од  Државниот инспекторат за труд , или пак да покренат судска постапка за заштита на своите права.

Работничките и работниците кои користат отсуство поради бременост имаат право на регрес за годишен одмор

Погрешно толкување и примена на одредбите за регрес за годишен одмор за оние кои користеле породилно отсуство

Нејасните закони, големите глоби и двојните казни – проблем за работењето на фирмите

Казна затвор за работодавачот што ќе побара од работникот да му врати износ од платата или од надоместоците

Исплата на регрес за годишен одмор

Глобите за работодавачите во новите законски измени за минималната плата

Законот за зголемување на минималната плата пред Комисијата за труд

Законот за зголемување на минималната плата на собраниска седница по скратена постапка

„Фајнанс тинк“ за предложениот пораст на минималната плата

М.В