/ Прочитано:

978

Функционерите имаат законски обврски да избегнуваат и да спречуваат судири на интерес

Функционерите имаат обврски да избегнуваат и да спречуваат судири на интереси, истакна министерката за правда, Рената Дескоска, на конференцијата  „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот – бизнис-сектор“, која се одржа во организација на Центарот за граѓански комуникации и здружението „Конект“.

„Во законските измени главното мото беше да дефинираме корупција од два аспекти: активна корупција и пасивна корупција. Исто како што за танго се потребни двајца, и за корупција се потребни најмалку двајца. Еден којшто е носител на активна корупција и друг којшто е носител на пасивна корупција. Затоа не случајно ставивме одредби коишто треба да значат обврска на јавните функционери да се исклучуваат од судир на интереси бидејќи честопати гледавме дека своите фирми се преферираа во минатото, сега имаме сериозни забрани во Законот за спречување на корупцијата коишто треба да оневозможат ситуации на судир на интереси“, потенцираше министерката Дескоска.

„Имаше одредени афери коишто зборуваа за доделување помош, грантови и слично на фирми коишто се блиски до високи функционери – тоа прашање го решивме во Законот за спречување на корупцијата со одредени забрани, но и со други механизми доколку се случи, да има пообјективни и потранспарентни процедури, односно тоа да биде пријавено до ДКСК, која ќе испита дали се искористени процедурите онака како што треба, дали се преземени сите заштитни механизми за спречување корупција“, додаде министерката.

Според Дескоска, корупцијата не е само активно или пасивно земање на финансиски средства: „Често пати самиот тип на нелојална конкуренција којашто се создава во бизнис-секторот произлегува од пристапот до одредени податоци коишто одредени фирми ги имаат, а други ги немаат.“

Министерката истакна дека правната рамка е добра, но дека како држава често пати страдаме од неимплементација на законските одредби.

„Тука е на потег ДКСК, но тука се на потег и Јавното обвинителство и судовите. Една е активноста којашто треба да е превентивна – онаа на ДКСК. Сите очи на јавноста се насочени кон неа бидејќи таа блесна во изминатиот период со својата активност, наспроти онаа ДКСК што ја имавме во минатото. Но, ДКСК не е единствен орган и не смее да остане единствен орган. Затоа нашите напори се насочени кон донесување на новиот Закон за јавното обвинителство, којшто треба да ни овозможи уште еден траен механизам во борбата против корупцијата“, потенцираше Дескоска.

Антикорупциската комисија со нови постапки и предмети

Антикорупциската комисија отвори постапки против претседателот на Владата

Антикорупциската комисија отвори нови предмети

Антикорупциската комисија ќе има пристап до податоците кои се банкарска тајна

Антикорупциската комисија отвора предмет за случајот „Матка“

Антикорупциската комисија ќе ја усвојува Стратегијата за заштита на укажувачи

Постапки на Антикорупциската комисија за сомнителните случаи на непотизам

Антикорупциската комисија прифати повеќе приговори

Антикорупциската комисија одлучи за првите приговори за законитост на  изборните кампањи

Средба на Антикорупциската комисија и граѓанските организации

Комисијата за прашања на изборите и именувањата ги утврди членовите и претседателот на Антикорупциската комисија

Собраниска постапка за утврдување предлог-листа за именување на претседател и членови на Антикорупциската комисија

Собранието ја објави ранг-листата на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата

Република Македонија на Индексот за перцепција на корупцијата се наоѓа на многу ниско место

Оглас за именување претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата

Секој има право да пријави сомневање за корупција, се пропишува во новиот Закон за спречување на корупцијата

Законите за спречување на корупцијата и за слободен пристап до информации во собраниска процедура

Предлог-законот за спречување на корупцијата ќе добие европско знаменце за да се забрза неговото донесување

М.В