/ Прочитано:

937

Националната стратегија за спречување на корупцијата поднесена во Собранието

Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2020 – 2024 година влезе во собраниска процедура. Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), предводена од претседателката Билјана Ивановска, му ја предаде Стратегијата за спречување на корупцијата и судир на интереси 2020 – 2024 на претседателот на Собранието, Талат Џафери, донесена на седница на ДКСК на 17.1.2020.

На средбата со претседателот на Собранието Џафери, на која тој беше подетално запознаен со целите и задачите на овој значаен документ, претседателката Ивановска изјави:

„Цврсто веруваме дека борбата против корупцијата и судирот на интересите е возможна само доколку се создаде широка општествена коалиција од низа институции, граѓански организации и невладиниот сектор. Поддршката и заедничките заложби за подобрување на состојбите во оваа област се единствен начин што ќе доведе до подобрување на состојбите во нашето општество и враќање на довербата во институциите. Искрено, сметаме дека Стратегијата, откако ќе биде донесена во Собранието, ќе биде добра основа за постигнување на оваа цел.“

Претседателот на Собранието Џафери ѝ даде поддршка на Стратегијата за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Во следниот период, откако ќе ги помине сите фази во согласност со постапката, овој значаен документ треба да биде ставен на гласање пред пратениците. Гласањето се очекува да се случи на почетокот на февруари.

Стратегијата за борба против корупцијата и судирот на интереси предвидува мерки за сузбивање на корупцијата во повеќе области, како што се јавните набавки, вработувањата, политичкиот систем, правосудството, органите за спроведување на законот, здравство, образование, труд и социјална политика, урбанизам и просторно планирање, животна средина, спорт, економија и бизнис, јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на државата и локалната самоуправа и медиумите и граѓанското општество.

Инаку, ДКСК на својата денешна седница ја изгласа финалната верзија на Стратегијата за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2020 – 2024 година. ДКСК работеше на изготвување на овој документ во согласност со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Процесот беше поддржан од УСАИД, а за изготвување на Стратегијата беше формирана и работна група составена од претставници на релевантни институции, приватниот и граѓанскиот сектор, медиуми и експерти од повеќе области.

Во рамките на овој процес беа одржани повеќе работилници и консултативни состаноци, по што беше изготвена нацрт-верзијата на Стратегијата за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Таа беше ставена на јавен увид во периодот од 27.12.2019 година до 8.1.2020 година со можност сите заинтересирани страни да дадат свои коментари, кои беа земени предвид при изготвување на финалната верзија на овој значаен документ.

Донесена Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси

Антикорупциската комисија отвори предмет за Кочо Анѓушев

Тркалезна маса за Националната стратегија за спречување на корупцијата

Работилница за Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси

Прв квартален извештај од следењето на Антикорупциската комисија

Преку отчетни институции до ефикасна борба против корупцијата

Конференција „Набљудување на успешноста на работата на ДКСК“

Антикорупциската комисија бара преиспитување на регулативата за привилегиите на поранешните претседатели

Антикорупциската комисија отвори нов предмет за договорот за детска кардиохирургија

Клиниката „Жан Митрев“ ја поздравува иницијативата на Антикорупциската комисија

Антикорупциската комисија отвори повеќе предмети и бара Обвинителството да отвори постапка за дивоградбите на Матка

Започна проектот за следење на работата на Антикорупциската комисија

КОРУПЦИЈАТА СЕ СМЕТА ЗА СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ: Извештај и препораки на ГРЕКО

Антикорупциска: Кога премиерот би се избрал за министер за финансии, би настанала повреда на законските одредби

Антикорупциската комисија ќе ја усвојува Стратегијата за заштита на укажувачи

Меѓуинституционална соработка за борбата против корупцијата и перењето пари

Антикорупциската комисија ќе има пристап до податоците кои се банкарска тајна

Меморандум за соработка меѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Државната комисија за спречување на корупцијата

Средба на Антикорупциската комисија и граѓанските организации

Комисијата за прашања на изборите и именувањата ги утврди членовите и претседателот на Антикорупциската комисија

Собраниска постапка за утврдување предлог-листа за именување на претседател и членови на Антикорупциската комисија

Собранието ја објави ранг-листата на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата

Република Македонија на Индексот за перцепција на корупцијата се наоѓа на многу ниско место

Оглас за именување претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата

Секој има право да пријави сомневање за корупција, се пропишува во новиот Закон за спречување на корупцијата

Законите за спречување на корупцијата и за слободен пристап до информации во собраниска процедура

Предлог-законот за спречување на корупцијата ќе добие европско знаменце за да се забрза неговото донесување

Објавен текстот на новиот Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Се подготвува Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Последни препораки од европски експерти за Законот за спречување на корупција

Транспарентноста е еден од клучните предуслови за вистинска борба против корупцијата

Конференција посветена на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата

Јавна расправа за новиот Закон за спречување на корупцијата – козметичко или суштинско решение

Во Собранието започна постапката за донесување нов Закон за спречување на корупција и судир на интереси

Новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси во собраниска процедура

Антикорупциската комисија да биде формирана според меѓународните стандарди за независност и неселективност

ОЦЕНКА НА ГРЕКО ЗА МАКЕДОНИЈА: Разочарувачки резултати за превенцијата на корупцијата

Втората верзија на измените на Законот за спречување на корупција на увид на јавноста

Клучните новини во предложените измени на Законот за спречување на корупцијата

Министерката за правда ги образложи измените на Законот за спречување на корупцијата за кои ќе има јавна дебата

Новата антикорупциска комисија ќе биде составена од експерти

Во подготовка измени на законска регулатива за спречување на корупција и на повеќе прописи од правосудството

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара професионализам, департизација и интегритет од членовите на ДКСК

М.В