/ Прочитано:

3.578

Нови мерки за заштита од коронавирусот

„Утрово на редовниот состанок на комисијата за заразни болести, на Комитетот за пратење на состојбите, разгледавме и низа на дополнителни мерки со оглед на тоа што се соочивме со некои ситуации кои произлегоа од досега пропишаните мерки на Владата, препораки и забрани. Морам да кажам дека имавме и разговори вчера и со колеги од Италија, коишто укажаа на тоа дека во одредени делови во земјата, пред се во северните делови таму каде што епидемијата започна, дури после воведувањето на најригорозните мерки повеќе нема регистрирано нови случаи.

Во текот на вчерашниот ден, побарав од претседателот на Владата да свика уште една седница за да се разгледаат следните предлози на Комисијата за заразни болести. Прво, забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници – концерти, театри, кина, спортски сали, теретани. Кафетериите и рестораните да работат со скратено работно време до 18 часот и капацитетот внатре да биде преполовен, значи да се задржи дистанцата од метар ипол до два на луѓето кои што престојуваат таму. Да се откажат сите кино проекции, театарски претстави и концерти. Во разговор со сите јавно здравстевни установи се откажуваат сите хронични пациенти чија што интервенција може да се одложи, остануваат само итни и неодложни интервенции, а истото важи и за прегледите.

Една дополнителна мерка е продолжување на терапијата на хронични пациенти за коишто досега требаше да одат на лекар специјалист. Од следните денови ќе може да го прават и на матичниот лекар, за што Фондот за здравствено осигурување ќе направи измена во правилникот. Ова нема да може да важи за новодијагностицираните пациенти. Тие сепак се уште и во овој период за таа терапија ќе мора да одат на лекар специјалист. Претседателот на Владата разговараше со претставници на верските заедници за строго придржување до мерките.

Благодарност до волонтерите на Црвениот крст, кои се силна поддршка на сите наши тимови, онаму кадешто побаравме – кадешто има капацитет излегоа во пресрет. Благодарност до апликацијата Мој Воздух, којашто од денеска ги споделува сите активности и иницијативи што ги преземаме. Дозволете согласно прашањата коишто стигнаа и по јавните мрежи и до Министерството за здравство да дадам коментар на уште две работи. Првата е, имаше информација дека се створила паника во Дебар – после проверката заклучивме дека тоа не е точно, градот нормално функционира, но со оглед на тоа што е единственото место кај нас кадешто има кластер на пациенти меѓукои има локална трансмисија, појачан тим од епидемиолози и инфектолози денеска и во текот на утрешниот ден ќе направат подетална епидемиолошка анализа на целото тоа подрачје.

Во однос на мерките за пуштање на работниците дома, обврските ги презема компанијата, кадешто работат за овие 14 дена. Сите овие мерки важат до 24.03“, објави министерот за здравтсвп, Венко Филипче.

Арсовска: Потребна е навремена помош за справување со ефектите од Ковид-19 врз економијата

„Фајнанс тинк“ за заканите од коронавирусот за економијата

Филипче: Препораките за заштита од коронавирусот важат и за приватните компании

МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште

НБ: Коронавирусот се одразува врз глобалната економија, но сѐ уште се неизвесни економските ефекти

Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка

Кривичните дела и казните за непочитување на препораките на Владата за коронавирусот

Интегрален текст на заклучоците на Владата за заштита од коронавирусот

Министерството за здравство со информации за заштита од коронавирусот

Градинките, училиштата и факултетите да бидат затворени следните 14 дена препорача Комисијата за заразни болести

Лекарската комора апелира лекарите и здравствените работници да се придржуваат до препораките за коронавирусот

ФИЛИПЧЕ: Граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од овој вирус

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

Препораки од Министерството за здравство за заштита од коронавирусот

Владата донесе препораки за заштита од коронавирусот

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

М.В