/ Прочитано:

1.288

Граѓански организации: Новиот Закон за основното образование е чекор напред во заштитата од дискриминација и насилство

Коалицијата „Маргини“, Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување „ХЕРА“ и Македонското здружение на млади правници ја поздравуваат одлуката на Министерството за образование и наука и на Собранието на Република Северна Македонија за носење на нов Закон за основно образование, а особено за внесување на одредби за заштита од дискриминација и насилство.

„Здруженијата активно се застапуваа во Министерството за образование и наука за внесување на одредби со кои експлицитно се забранува дискриминацијата во основното образование на сите основи, вклучително и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Законот прецизира дека дискриминацијата е забранета во воспитно-образовниот процес, запишувањето, достапноста до услуги и придобивки, прилагодување и пристапност до и во објекти, вработувањето, кариерното напредување и престанок на вработувањето, ученичкото организирање, содржината на наставните програми и учебниците, управувањето и учеството во органите и телата на училиштата, финансирањето на основното образование и која било друга област од основното образование.

Исто така, во законот е вметната одредба со која се предвидува дека училиштата ќе се грижат за сексуалното и репродуктивното здравје на учениците преку обезбедување информации базирани на научни сознанија, човекови права, родова еднаквост и промовирање на почитување на различностите.

По одржаната јавна расправа во Собранието во врска со новиот Предлог-закон за основното образование, пратениците ги пресретнаа барањата на здруженијата и поднесоа амандмани со кои експлицитно се забранија сите облици на насилство во училиштето и се наметна обврска на директорот/ката да го пријави насилството. Новата одредба предвидува и креирање на подзаконски акт со кој подетално ќе се уреди постапката за пријавување на насилството и заштитата на учениците.

Понатаму, Законот предвидува глоба од 401 до 500 евра за прекршок на директорот на основното училиште доколку во основното училиште се врши дискриминација и доколку не пријави насилство, злоупотреба и занемарување на ученик до надлежните органи.

Со овие одредби сметаме дека новиот Закон за основното образование е значително унапреден во однос на заштитата од дискриминација и насилство во основното образование. Апелираме за соодветна примена на овие членови во партнерство со здруженијата на граѓани. Воедно, бараме Министерството за образование и наука да не вклучи во процесот на измена и дополнувања на Законот за средното образование“, се вели во соопштението на граѓанските организации.

Предлог-законот за основното образование има сериозни недостатоци, велат од  Мрежата за заштита од дискриминација

Јавна расправа за Предлог-законот за основното образование

Целосниот текст на новиот Предлог-закон за основното образование

Во подготовка Закон за наставници во основните и средните училишта и Закон за основното образование

Потребни се реформи за сите деца да имаат право на еднакви можности за учење

Правата и обврските на учениците според Законот за основното образование

Законски измени за непречено остварување на правото на бесплатен превоз на учениците

Во подготовка втората верзија на Законот за основното образование

Што се предвидува во Предлог-законот за основното образование, кој се очекува да биде донесен пред новата учебна година

Клучните промени во основното образование и новите наставни планови и програми за прво одделение

РЕВИЗИЈА НА НАСТАВНИТЕ ПЛАНОВИ И ПРОГРАМИ: Да се развие љубов, а не фрустрација кон учењето

Ревизија на учебниците од дискриминаторски содржини, говор на омраза и невистинити факти

Ќе се намалува бројот на предмети во училиштата

За квалитетно основно образование, потребни се јасни учебници и мотивирани ученици

ПЕТКИ ВО ДНЕВНИК – ЕДИНИЦИ НА ПИСА: Тркалезна маса за подобрување на квалитетот на основното образование

М.В