/ Прочитано:

1.445

Незаконски прислушуваните материјали за предметите поведени по 30 јуни 2017 година да можат да се користат само како индиции

Новиот Предлог-закон за јавното обвинителство е во собраниска процедура. Главната цел на донесувањето на овој закон, се вели во законското образложение, е со него да се зајакне професионалноста, но и одговорноста на јавните обвинители.  Предлогот на законот се заснова врз начелата на законитост, хиерархија и субординација, транспарентност, професионалност и ефикасност во вршењето на работата и одговорност.

Јавното обвинителство, се пропишува меѓу другото во Предлог-законот, не може да го заснова обвинението врз основа на незаконски прислушувани материјали.

Исклучок од  ова, се пропишува во Предлог-законот, се предметите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите поднесени до надлежен суд до 30 јуни 2017 година согласно со Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

„Материјалите и транскриптите од материјалите од незаконски прислушуваните материјали за предметите покренати по 30 јуни 2017 година можат да се користат само како индиции и на нив не може да се заснова обвинителен акт или обвинителен предлог и истите не можат да бидат предложени и употребени како доказ во постапката по поднесениот обвинителен акт или обвинителен предлог.

Материјалите ќе се уништат во рок од три месеци по завршување на постапките по вонредни правни лекови на предметите согласно одредбите за уништување на материјалите од посебните истражни мерки утврдени со закон. Записниците за уништување се доставуваат до јавниот обвинител на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Сите останати материјали и транскриптите од незаконско прислушуваните материјали кои не се предадени како докази во судовите и кои не се дел од предметите кои се во фаза на истрага, не можат повторно да се преслушаат и да се употребат во било која постапка и се уништуваат во рок од три месеци по завршување на постапките по вонредни правни лекови на предметите од став, согласно одредбите за уништување на материјалите од посебните истражни мерки утврдени со закон. Записниците за уништување се доставуваат до јавниот обвинител на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, се пропишува во Предлог-законот.

Утврдени се Предлог-законот за јавното обвинителство и измените на Законот за Советот на јавните обвинител

Заклучоци од јавната расправа за новиот Предлог-закон за јавно обвинителство, која продолжува и денеска

Продолжуваат разговорите за новиот Закон за јавното обвинителство

Блупринт-групата: СЈО како институција треба да продолжи со работа

Коментари на Блупринт-групата за Предлог-законот за јавното обвинителство

Консултации за Законот за јавното обвинителство и различни ставови на експертите

Предлог-законот за јавното обвинителство на второ читање пред Законодавно-правната комисија

Законот за јавното обвинителство пред Законодавно-правната комисија и пред Комисијата за европски прашања

Предлог-законот за јавното обвинителство на собраниска седница по скратена постапка

БЛУПРИНТ ГРУПА: Донесените закони се добра основа за промени, потребна е доследна имплементација

Заклучоци од конференцијата „Поглавјето 23: македонското сидро или едро“

Блупринт групата достави конкретни решенија за Предлог-законот за јавно обвинителство

Извештај во сенка за Поглавјето 23 за периодот јуни 2018 – март 2019 година

Дијалог за реформите во Поглавјето 23

Граѓанските организации реагираат поради недоволната вклученост во подготовката на законските решенија

Министерството за правда продолжува со консултациите со политичките партии за Законот за јавното обвинителство

Анализа за трансформацијата на СЈО и проблемот со неговата уставност

Министерство за правда: Законот за јавното обвинителство е закон без скриена амнестија

Граѓанските организации бараат повлекување на Предлог-законот за јавното обвинителство

Јавниот обвинител на СЈО за својата работа ќе одговара пред републичкиот  јавен обвинител

Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО

Новините во предложените измени на Законот за Советот на јавните обвинители

Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО

СЈО да биде дел од ЈО, со посебна автономија

Јовески: Да постои единствен закон за Јавно обвинителство, во кој би се вклопил и Законот за СЈО

Објавен текстот на Предлог-законот за Специјалното јавно обвинителство – се предвидуваат нови надлежности на СЈО

на Карпош и на Битола

М.В