Предлог-законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство пред Комисијата за труд
Предлог-законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство е на дневен ред на собраниската Комисија за труд и социјална политика.
Со овој закон се уредуваат: постапувањето на институциите со должно внимание при заштитата на жените од сите форми на родово базирано насилство и жртвите на семејно насилство; меѓусебната координација на институциите и организациите; мерките за превенција од родово базирано насилство врз жените и жртвите на семејно насилство собирањето на податоци за родово базираното насилство врз жените, вклучувајќи го и семејното насилство.
Целта на законот е спроведување на принципот на еднаквост, елиминирање на стереотипите за родовите улоги; превенција на сите форми на родово базирано насилство врз жените и семејното насилство и утврдување на мерките и активностите за заштита на жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство, почитување на основните човекови слободи и права загарантирани со Уставот на Република Северна Македонија и ратификуваните меѓународни договори во согласност со Уставот на Република Северна Македонија.
„Досегашната заложба на Република Северна Македонија беше во насока на справување со проблемот на семејното насилство. Со измените во Кривичниот Законик на Република Македонија во 2004 година, за прв пат беше дефинирано семејното насилство, а во девет кривични дела против животот, телото и сигурноста на жртвите, предвидена е построга санкција доколку конкретното кривично дело е извршено во контекст на семејно насилство. Кривичниот законик се уште не го препознава силувањето извршено во контекст на семејно насилство, па значаен број на жртви ги остава надвор од системот на заштита од сексуалното насилство. Истовремено, со воведувањето на кривично правната заштита на жртвите на семејно насилство, се воспостави систем за граѓанско-правна заштита прво преку измена на одредбите на Законот за семејство (2004), а десет години подоцна и со усвојување на посебен Закон за спречување, превенција и заштита од семејно насилство (2014). Со овој закон се дефинира семејното насилство, утврдени се надлежностите на институциите во системот на превенција и заштита на жртвите на семејно насилство, како и (привремените) мерките за заштита на жртвите на семејно насилство. Постоечкиот закон има за цел елиминирање, спречување и заштита од семејно насилство на сите членови што живеат во една заедница независно на родот и не ги зема предвид специфичните потреби на жената која како резултат на нејзината нееднаква положба во општеството во однос на мажот е поранлива на насилство“, се посочува во законското образложение, во кое, исто така, се акцентира усогласеноста на законското решение со меѓународните конвенции.
Законски измени за спречувањето и заштитата од насилство врз жените и семејно насилство
Јавна расправа за Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство
Форум за реформите на правниот систем за заштита од семејно насилство
Презентиран Извештајот на ОБСЕ за благосостојбата и безбедноста на жените
Истанбулската конвенција пропишува низа стандарди кои треба да ги имплементира земјата потписничка
16 дена активизам против родово базирано насилство
АНАЛИЗА НА СЛУЧАИ НА ФЕМИЦИДИ: Потребно е фемицидот да се дефинира како посебно кривично дело
Оперативниот план за спроведување на Истанбулската конвенцијата на Министерството за правда
Законот за ратификација на Истанбулската конвенција пред пратениците
М.В