/ Прочитано:

8.292

Стапува во примена новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

Денеска стапува во примена новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.

Со овој закон се уредува постапувањето на институциите со должно внимание при преземањето мерки за превенција од родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство, постапувањето на институциите за заштита на жените од родово-базирано насилство и семејното насилство, меѓусебната координација на институциите и организациите, услугите за заштита на жртвите и собирањето на податоци за родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство.

Цел на законот е превенција и спречување на родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство, ефективна заштита на жртвите од каков било облик на родово-базирано насилство врз жени, како и на жртвите на семејно насилство, со почитување на основните човекови слободи и права загарантирани со Уставот на Република Северна Македонија и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Северна Македонија. Целта на законот се заснова на принципот на еднаквост и елиминирање на стeреотипите за родовите улоги.

Според законот, „Насилство врз жените“ е кршење на човековите права, дискриминација врз жените и ги означува сите дејствија на родово-базирано насилство што доведуваат или веројатно ќе доведат до физичка, сексуална, психичка или економска повреда или страдање на жените, вклучувајќи и директни и индиректни закани и заплашување за такви дејствија, изнуда, произволно ограничување и/или лишување од слобода, без оглед дали се случуваат во јавниот или приватниот живот;

„Родово-базирано насилство врз жените“ е насилство насочено против жената затоа што е жена или коешто несразмерно ја погодува. Родово-базираното насилство врз жените ги опфаќа причините и резултатот од нееднаквиот однос на моќта помеѓу жените и мажите како резултат на општествен, а не индивидуален проблем;

„Семејно насилство“ е малтретирање, навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психичко, физичко или економско насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, вклучувајќи и закани за такви дејствија, спрема брачен другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, како и спрема сегашен или поранешен брачен другар или вонбрачен партнер или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи, без оглед дали сторителот го дели или го делел истото живеалиште со жртвата или не.

Презентиран Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

Јавна расправа за Предлог – законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

Нов Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

Нов Предлог-закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

Меѓународен ден за елиминирање на насилството врз жените

Законски измени за спречувањето и заштитата од насилство врз жените и семејно насилство

Јавна расправа за Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство

Предлог-законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство пред Комисијата за труд

Форум за реформите на правниот систем за заштита од семејно насилство

Презентиран Извештајот на ОБСЕ за благосостојбата и безбедноста на жените

Жените сѐ уште се соочуваат со семејно насилство, неефикасна судска заштита и бaриери во пристапот до здравствените услуги

Граѓанските организации пред Комитетот на ОН: Жените, сексуалните и родовите малцинства во Македонија се дискриминирани

ПРЕГЛЕД НА НАБЉУДУВАНИ СУДСКИ ПОСТАПКИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ: Загрижува податокот дека биле изречени дури 4 условни осуди

ФОРУМ ЗА СУДИИ: Жртвите на семејно насилство да бидат ослободени од плаќање на судска такса и трошоци на постапката!

Истанбулската конвенција пропишува низа стандарди кои треба да ги имплементира земјата потписничка

16 дена активизам против родово базирано насилство

Граѓанските организации пред Комитетот на ОН: Жените, сексуалните и родовите малцинства вМакедонија се дискриминирани

АНАЛИЗА НА СЛУЧАИ НА ФЕМИЦИДИ: Потребно е фемицидот да се дефинира како посебно кривично дело

„Родово базираното и психичкото насилство врз жените сè уште не се препознаваат“ – интервју со адвокатката Марта Гусар

Оперативниот план за спроведување на Истанбулската конвенцијата на Министерството за правда

Законот за ратификација на Истанбулската конвенција пред пратениците

Усвоен Предлог-законот за ратификација на Истанбулската конвенција во која насилството врз жените се дефинира како кршење на човековите права 

Владата ја усвои информацијата за ратификација на најзначајниот меѓународен документ за борбата со насилството врз жените и домашното насилство 

Ратификацијата на Истанбулската конвенција – значаен исчекор во борбата против насилството врз жената и домашното насилство

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство бара итна ратификација на Истанбулската конвенција

М.В