/ Прочитано:

1.894

Што и како се осигурува во Фондот за осигурување на депозити

Според Законот за ФОД, Фондот за осигурување депозити е специјализирана финансиска институција која ги обесштетува осигурените депозити во банките, филијалите на странските банки и штедилниците во кои настанал ризичен настан.

Што се осигурува во Фондот?

Банките, филијалите на странски банки и штедилници основани во Република Северна Македонија се должни во Фондот да ги осигурат депозитите на население, во кои спаѓаат:

денарските и девизните депозити,

сертификатите за депозит,

трансакциските сметки,

депозитите врзани за парични картички и девизни приливи на физичките лицa.

 Кој е осигурен?

Осигурени се депозитите на домашни и странски физички лица кои се депонирани во банки, филијали на странски банки и штедилници во Република Северна Македонија.

Депозитите се задолжително осигурени доколку се депонирани во банки и штедилници кои имаат одобрение за прибирање депозити од Народната банка на Република Северна Македонија.

Единствен услов за обесштетување е физичкото лице да се идентификува во согласност со Правилникот за начинот и постапката на обесштетување на депонентите во случај на настанување на ризичен настан.

Физичките лица депоненти имаат обврска редовно да ги ажурираат своите лични податоци во банката, филијалата на странска банка или штедилницата.

Кои банки/филијали на странски банки/штедилници ги осигуруваат депозитите?

Сите банки, филијали на странски банки и штедилници во Република Северна Макeдонија се членки на Фондот за осигурување на депозити и имаат обврска да плаќаат премија за осигурување на депозитите на физичките лица.

На видни места на шалтерите во банките и штедилниците има истакнато соопштенија до штедачите со информација дека депозитите на физичките лица во таа банка или штедилница се осигурени во Фондот за осигурување на депозити.

 Плаќање премија

Депозитите се осигурени во Фондот за осигурување на депозити до износ од 30.000 евра во денарска противвредност.

Банките, филијалите на странски банки и штедилниците во Република Северна Македонија плаќаат премија за осигурување на депозитите на физичките лица во Фондот за осигурување на депозити, кој е во државна сопственост и е единствена таква институција во Република Северна Македонија.

Средствата на Фондот се формираат од основачкиот влог, наплата на премии за осигурување на депозитите и приходи од пласмани.

Средствата со кои располага Фондот може да ги пласира во:

1) хартии од вредност издадени од страна на Република Северна Македонија и од Народната банка на Република Северна Македонија со рок на пристигнување до дванаесет месеци од нивното стекнување и

2) до висина на осигурените депозити што гласат на странска валута во должнички хартии од вредност издадени од странски држави, централни банки или јавни меѓународни финансиски институции, рангирани од страна на најмалку две меѓународно признати агенции за оцена на кредитниот ризик во една од двете највисоки категории.

Средствата на Фондот можат да се користат само за обесштетување на осигурените депозити и за покривање на трошоци на работење на Фондот.

Доколку на Фондот му недостасуваат средства за исплата на осигурените депозити, Фондот ги обезбедува дополнителните средства преку:

1) дополнителни уплати од банките, филијалите на странските банки и штедилниците, но не повеќе од трикратен износ на премиите;

2) задолжување во земјата и странство;

3) позајмици од Буџетот на Република Северна Македонија.

Дополнителните уплати банките, филијалите на странските банки и штедилниците се должни да ги уплатат на сметката на Фондот најдоцна во рок од осум дена од денот на доставувањето на пресметката.

Доколку на Фондот му недостасуваат ликвидни средства за исплата на осигурените депозити на физичките лица, Министерството за финансии може да изврши откуп пред рокот на достасување на хартиите од вредност издадени од страна на Република Северна Македонија кои се во сопственост на Фондот. Откупот се врши без објавување на јавен повик.

Висина на обесштетувањето

Фондот за осигурување на депозити во случај на настанување на ризичен настан врши обесштетување до 30.000 евра во денарска противвредност по депонент, во банка, филијала на странска банка или штедилница во согласност со одредбите од законот.

Во износот до 30.000 евра предмет на обештетување се и главницата и каматата на сите депозити на кои е имател едно лице депонент во банка на денот на настанување на ризичниот настан.

Членот 163 од Законот за банките повторно на разгледување пред Уставниот суд

Уставниот суд ќе расправа за членот 163 од Законот за банките по изјаснувањето на Антикорупциската комисија

Членот 163 од Законот за банките, кој е оспорен пред Уставниот суд

Уставниот суд е пред историска одлука за ставање крај на безредието во банкарскиот систем, велат оштетените штедачи

Истрага за четири одговорни лица во Еуростандард банка

ФОД: Досега исплатени 3,2 милијарди денари на депонентите на „Еуростандард банка“

Обвинителен акт против девет лица за перење на над девет милиони евра

Одложено рочиштето за стечајната постапка над Еуростандард банка

ФД: Oбесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ се одвива без поголеми пречки

Управниот суд ја отфрли тужбата од „Еуростандард банка“

На 15 септември започнува обесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ со право на обесштетување

Соопштение на Фондот за осигурување на депозити до депонентите во „Еуростандард банка“

ДКСК: Случајот со Ангеловска проблематичен од етички аспект, потребни се законски измени

Стечајна постапка за Еуростандард банка: Интервју со Дејан Костовски, експерт за стечај

Банки преку кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка

Определен е стечаен управник за Еуростандард банка и закажано е рочиште за пријавените побарувања

Народната банка: Го штитиме интересот на граѓаните и ги преземавме сите мерки за заштита на депонентите на Еуростандард банка

М.В