Етички кодекс за членовите на Владата
„Владата ја разгледа информацијата и го усвои финалниот текст на Етичкиот кодекс за членовите на Владата, носителите на јавни функции именувани од страна на Владата и советниците носители на извршни функции за обезбедување на законито, чесно, транспарентно и одговорно работење на членовите на Владата на Република Северна Македонија, замениците на министрите и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата“, информираат од Владата.
Со овој кодекс, додаваат од Владата, се уредуваат почитувањето на уставноста, законитоста, професионалниот интегритет, ефикасноста, лојалноста, одговорноста, транспарентноста и заштитата на човековите слободи и права, при вршење на нивните функции, односно должности во рамките на Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Северна Македонија со цел јакнење на интегритетот на институциите и на довербата на граѓаните во нивната работа.
Советник за интегритет ќе ги советува членовите на Владата за препораките од Извештајот на ГРЕКО
КОРУПЦИЈАТА СЕ СМЕТА ЗА СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ: Извештај и препораки на ГРЕКО
Со меѓународна соработка до ефикасна борба против корупцијата
Проф. д-р Ана Павловска-Данева именувана за член на ГРЕКО
Етичкиот кодекс значи одговорност за пратениците во и надвор од Собранието
Пратениците добија етички кодекс
Предложен кодекс за етичко однесување на пратениците во Собранието на РМ
Собранието да донесе измени во Законот за пратениците и да донесе Кодекс за етика на пратениците
М.В