/ Прочитано:

3.609

Измени во Законот за ДДВ за укинување на сметкопотврдата

Поедноставување на процедурите во деловното окружување, намалување на административниот товар, како и заштеда на хартија, простор и време, се придобивките од укинувањето на сметкопотврдата, предвидено со измените на Законот за данок на додадена вредност. Ова го истакнаа министерката за финансии, Нина Ангеловска, и претставници на сметководствениот сектор на прес-конференција во Министерството за финансии.

Министерката за финансии Ангеловска посочи дека со измените кои се предложени кај Законот за ДДВ се укинува сметкопотврдата како пропратен документ на фискалната сметка за правдање на трошоци до износ од 6.000 денари. Со оваа измена, ДДВ-обврзник за да искористи право на поврат на влезен ДДВ, или „право на ДДВ по одбивка“ за промет до 6.000 денари, не треба да поседува сметкопотврда. Доволно е да поднесе само фискална сметка на која стои и производот и сумата потрошена за него.

„Во многу развиени земји, па и во регионот, овој документ е укинат и не се користи. Светот брзо се менува, зборуваме за електронско сметководство во развиените земји, зборуваме за бесхартиена околина и мораме и ние и нашата администрација да го следиме тоа за да можеме да го олеснуваме сè повеќе и повеќе работењето на компаниите и да го подобруваме деловното окружување. Ова е само еден мал дел од мозаикот во промени и олеснувања на подобрување на деловното окружување и на намалување на административниот товар, и од  страна на компаниите и за ослободување на ресурси на даночната администрација. Како што знаете, приоритет ни е борбата против сивата економија, а на овој начин администрацијата ќе се користи таму каде што ќе биде попотребна“, рече Ангеловска.

Таа воедно посочи дека оваа мерка е и во насока на заштита на животната околина, ако се земе предвид дека со помала потрошувачка на хартија ќе се влијае на намалување на сеча на дрвјата.

Министерката за финансии Ангеловска посочи дека со измените на Законот за ДДВ се подига и прагот за ДДВ-обврзник од 1 на 2 милиони денари.

„Би сакала да истакнам дека при техничката мисија на ММФ ова решение беше пофалено од нивна страна бидејќи е во насока на ослободување на ресурсите на даночната администрација и на олеснување на процедурите за малите и средни компании“, рече Ангеловска.

Законски новини за легализацијата на бесправните објекти и за данокот на додадена вредност

Се зголемува прагот за ДДВ обврзник

Десктоп апликација на МојДДВ за скенирање и сторнирање на фискални сметки

Државната лотарија и УЈП ќе организираат наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“

УЈП: Веб-апликацијата „МојДДВ“ за увид во износот на поврат и бришење на фискални сметки достапна за граѓаните

Граѓаните скениралe речиси 7 милиони фискални сметки

Сторнираните фискални сметки компаниите сами ќе ги пријавуваат во УЈП

УЈП: Симнете ја апликацијата ,,Мој ДДВ” и скенирајте ги фискалните сметки

Донесен Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица

Законот за враќање на ДДВ на собраниска седница и пред Законодавно-правната комисија по скратена постапка

Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица во собраниска процедура

Презентиран Законот за враќање на 15% од ДДВ на граѓаните

Поврат на ДДВ: Само најбогатите домаќинства ќе можат да вратат една просечна плата

М.В