- 19No events
- 20No events
- 21No events
- 22
АКАДЕМИК ОНЛАЈН ОБУКА: „Практична примена на Законот за јавните набавки и најчести пропусти при спроведување на постапките“
10:00 -14:0022/12/2022Europe/SkopjeОваа обука е наменета за договорните органи и за економските оператори, а нејзината цел е да се укаже на најчестите пропусти кои ги прават договорните органи и економските оператори во постапките за јавни набавки што вообичаено се користат (набавка од мала вредност, поедноставена отворена постапка и отворена постапка).
Оттука, во рамките на обуката ќе бидат опфатени сите поединечни фази и сегменти во спроведувањето на јавните набавки, при што фокусот ќе биде ставен на изготвувањето на тендерската документација, на изготвувањето на понудите од страна на понудувачите, како и на евалуацијата на понудите од страна на договорните органи.
Обуката е дизајнирана да даде практичен придонес во правилното спроведување на јавните набавки од страна на договорните органи и економските оператори, со тоа што најчестите пропусти, како и дилемите кои се јавуваат во реалноста ќе се детектираат преку споредување на дадените позитивни законски решенија со примери од праксата.
Предавач на обуката ќе биде Савка Нејковска-Тасева – вработена во Државната комисија за жалби по јавни набавки, со повеќе од десет години работно искуство во областа на јавните набавки и сертифициран обучувач од областа на јавните набавки.
Агенда
Најчести пропусти при изготвување на тендерската документација од страна на договорните органи:
- Услови за квалитативен избор на економските оператори и докажување на способноста преку примери и пракса
- Изготвување на техничка спецификација
- Средства за обезбедување
Најчести пропусти по фазите од постапката за јавна набавка (најчестокористените)
- Набавка од мала вредност
- Поедноставена отворена постапка
- Отворена постапка
- Постапка со преговарање без објава на оглас
- Набавка на посебни услуги
Најчести пропусти во фазата на евалуација на понудите
- Како се докажува способноста на економските оператори?
- Што е дозволено да се дополнува и да се појаснува од понудувачите при евалуација на понудите?
- Како се утврдува невообичаено ниска цена
- Користење способност од други субјекти (групна понуда, поддршка и подизведување)
- Најчести пропусти од страна на договорните органи и понудувачите преку практични примери на Државната комисија за жалби по јавни набавки
- Управна контрола – кога се применува
Најчести пропусти во понудите од страна на економските оператори
- Изготвување на понудата
- Потпишување на понудата
- Пополнување на техничка спецификација
Измени на договорите во текот на нивната важност
- Во кои случаи може да дојде до измена на договорите при извршување
- Кои измени се дозволени
- Кога може договорот да се раскине
Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.
Цената за учество за едно лице е 5.200 денари со вклучен ДДВ.
Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 21.12.2022 година (среда), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:
+389 071/23 23 42 и
+389 071/23 25 93.
Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.
Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.
Објаснување на Платформата ZOOM
Обуката ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што секој учесник неопходно е да располага со:
- електронски уред (компјутер, таблет итн.),
- стабилна интернет-врска,
- микрофон и звучници (или слушалки).
Секој учесник што извршил уплата за присуство на обуката ќе добие е-пошта со линк до обуката на е-адресата што ја навел во пријавата за учество на обуката. Задолжително, при најавувањето, учесникот мора да ги внесе името и презимето со кои се пријавил за обуката.
За подетални информации за користењето на платформата Zoom, погледнете на https://akademik.mk/obuka-preku-platformata-zoom/.
- 23No events
- 24No events
- 25No events