Барањето за давање автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување пред Законодавно-правната комисија
Барањето за давање автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, поднесено од пратениците Сашко Костов и Диме Велковски, е на дневен ред на Законодавно-правната комисија.
На вчерашната седница Владата го усвои Мислењето на Министерството за правда да се прифати иницијативата за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, поднесена од пратениците.
„Законот за помилување беше изменет и дополнет во 2009 година, кога беше укинат членот 11, кој содржеше можност за помилување без спроведување на постапка, се вели во Мислењето на Министерството за правда. Според ова мислење, во март 2016 година Уставниот суд го укина Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година, но со укинувањето на Законот од 2009 година не се враќа во сила одредбата од членот 11. Тоа значи дека претседателот на Републиката немал, ниту пак сега има правна можност да даде помилување без спроведување на постапка врз основа на тој член и според тоа, сите акти за помилување на претседателот на државата засновани на членот 11 од Законот за помилување, објавен во „Службен весник на Република Македонија“ број 20/1993, се незаконски и како такви ништовни“, соопштуваат од Владата.
УСТАВНИОТ СУД: Со прејудицирањата се врши директен притисок за нормално функционирање на Судот
Помилувањата на Иванов повторно актуализирани
Уставниот суд в среда ќе ја разгледува уставноста на помилувањата
АБОЛИЦИЈА: Од помилувањето до поништувањето на одлуките
Претседателот Иванов ги поништи и преостанатите одлуки за помилување
Претседателот Иванов ги повлече одлуките за аболиција на 22 политички експонирани лица
ИВАНОВ: Сè уште нема правна основа за повлекување на одлуките за аболиција
По повикот на Иванов, Кабинетот ги примил првите барања за повлекување на одлуките за помилување
Одлуките на Иванов се незаконити, коментираат професори, адвокати и поранешни уставни судии
ОБЈАВЕНИ ПОМИЛУВАЊАТА: Груевски, Мијалков, Црвенковски, обвинители во СЈО
(ОБНОВЕНО) ОДЛУКА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ: Прекин на сите постапки против политичари
М.В