/ Прочитано:

3.020

Врховниот суд со сентенци за правниот интерес за утврдување вистинитост на исправа и за прекинот на рокот за застареност

Врховниот суд објави сентенци за правото на регрес во случај на оневозможување утврдување на присуство на алкохол во моментот на незгодата, за правниот интерес за утврдување вистинитост, односно невистинитост на исправа и за прекинот на рокот за застареност.

Сентенца за правниот интерес за утврдување вистинитост односно невистинитост на исправа

Во парнична постапка исправата може да биде предмет на испитување исклучиво по однос на нејзината вистинитост односно невистинитост, односно да се утврди дали исправата потекнува или не потекнува од лицето кое е означено како нејзин издавач и дали е изменета нејзината содржина, а не да се испитуваат правните диспозиции содржани во исправата.

Образложение

Ревизијата на тужителот изјавена во делот на одбиеното тужбено барање за утврдување вистинитост на исправите одобрение за градба и локација за надградба и доградба на објект, е неоснована. Неоснован е наводот во ревизијата за погрешна примена на материјалното право, ако притоа се има предвид утврдената фактичка состојба. Целосниот текст на сентенцата на следниот линк.

Сентенца за прекинот на рокот за застареност

Кога тужениот не бил обвинет и огласен за виновен туку кривичната пријава е отфрлена, а тужителот како оштетен во таа постапка предјавил оштетно побарување, рокот за застареност на побарувањето за надомест на штета се прекинува доколку поднесе тужба три месеци од правосилноста на одлуката за отфрлање на пријавата.

Образложение

Ревизијата е неоснована. Неоснован е ревизискиот навод за погрешна примена на материјалното право, ако се има во предвид утврдената фактичка состојба. Целосниот текст на сентенцата на следниот линк.

Правно мислење на Врховниот суд за трошоците за објавување пресуда

Сентенца за правото на регрес во случај на оневозможување утврдување на присуство на алкохол во моментот на незгодата

Правно мислење на Врховниот суд за укинување на потврда за правосилност и извршност на извршна исправа

Правно мислење на Врховниот суд за амнестијата на правосилно осудени лица за кои претходно била издадена потерница

ВРХОВНИОТ СУД: Не треба да плаќаат надомест станарите кои никогаш не биле приклучени на систем на топлинска енергија, не склучиле договор и не поставиле инсталација

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ НА ВРХОВНИОТ СУД: Застареност на побарувањето на неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување во стечајна постапка

Правно мислење на Врховниот суд за возачот почетник во случаите кога го управува возилото спротивно на пропишаните услови

КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета

ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ НА ВРХОВНИОТ СУД: Изјава на обвинет за откажување на некое од правата од член 206 став 1 од ЗКП

Правно мислење на Врховниот Суд: Јавниот обвинител има обврска да даде мислење по барањата за укинување или замена на мерката притвор

Сентенци на Врховниот суд за вознемирување насочено кон физичко лице и право на совладение врз неподелена ствар

Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка

Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка

Сентенца на Врховниот суд во врска со писмена изјава на работникот за продолжување на договорот за вработување

Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови

Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи

Сентенци на Вишиот управен суд за права од работен однос, даночни права, имотноправна област и други права

Сентенци на Вишиот управен суд за прашања од имотно-правната област, правата од пензиско и инвалидско осигурување и даночните права

Сентенци на Вишиот управен суд за имотни права, за права од пензиско и инвалидско осигурување и за даночни права

„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“

СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД

ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети

Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП

М.В