/ Прочитано:

668

„Правда за штедачи“ бара Државниот завод за ревизија да направи контрола на работењето на Фондот за осигурување на депозити


„Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи” во изминатиов период во јавноста изнесе аргументи и показатели во врска со состојбата на паричните средства со кои располага Фондот за осигурување на депозити. Интересно е дека, иако најповикан, Фондот во однос на ова прашање упорно молчи, што создава дополнителен сомнеж и раѓа многубројни сомнежи и шпекулации во јавноста. Во изминатиов период од речиси два месеци, предмет на многу анализи беше стабилноста на банкарскиот и финансискиот систем, бидејќи тие беа доведувани во директна врска со Фондот за осигурување на депозити. Затоа, кога веќе недостасуваат изворни податоци во однос на финансиската состојба на Фондот за осигурување на депозити, Здружението, врз основа на јавно достапните податоци, се обиде да дојде до економско-финансиски показатели што беа објавени во изминативе неколку дена. Во таа смисла, накратко ќе повториме.

Според сите финансиски показатели кои се јавно достапни, состојбата со средствата кои се на располагање на Фондот се, не само стабилни, туку одат и во нагорна линија. Така, според проекциите од финансискиот план на Фондот за осигурување на депозити за 2021 година, содржани во финанскискиот план донесен на 25.12.2020 година, Фондот очекува годишно континуирано зголемување на приходите од платена премија на банките, кои до крајот на годината треба да достигнат 762.966.502 денари или околу 12.385.820 евра во вкупно наплатена годишна премија.
Според сите јавно достапни податоци, преку постојаните годишни приливи што Фондот за осигурување на депозити ги има како резултат на премијата што банките ја плаќаат од депозитите на физичките лица во висина од 0,25 отсто на годишно ниво, Фондот достигнува износ на сопствени средства над законски предвидениот минимум од 4 отсто од вкупните депозити во банките и штедилниците. Дури и по исплатата на депонентите од Еуростандард банка, според јавно достапните информации од Фондот објавени во Финансискиот план за 2021 година, во мај 2021 година износот на средства е 4,72 отсто или 0,72 отсто над минимумот. Поточно, во овој момент состојбата е 2.186.240.320 денари повеќе од законскиот минимум. Веројатно затоа Фондот нема потреба од дополнителни средства, поради што и премијата за банките и штедилниците останува непроменета на ниво од 0,25 отсто во 2021 година, иако во случај на потреба, таа може да се зголеми до 0,7 отсто колку што изнесува законскиот максимум.
Да повториме, овие податоци се јавно достапни и според нив не може да се види нестабилност или несигурност кај Фондот за осигурување на депозити. Ако некој преку Фондот ја цени стабилноста и сигурноста на банкарскиот и финансискиот систем, тогаш може да биде спокоен, не постои ниту минимална шанса за било каква несигурност или нестабилност што би била предизвикана преку Фондот за осигурување на депозити. Згора на тоа, да не заборавиме дека Фондот не е клучен фактор за сигурноста и стабилноста и неговата состојба не може да предизвика директни последици по банкарскиот или финансискиот систем во целина.
Како што може да се види, состојбата со Фондот е стабилна и сигурна доколку се управува во согласност со закон и одговорно. Но, доколку постои ненаменско трошење на средствата, како што се шпекулира во јавноста, тогаш тоа не смее да се покрива со средства на депонентите – физички и правни лица. Дури и преку стечај на банка. Дека има нешто сомнително зборува фактот што Фондот за осигурување на депозити за 2020 година, до денес, нема објавено годишен извештај, ниту е објавен извештајот од извршената ревизија на овластен ревизор, согласно член 16 од Законот за осигурување на депозити. Ниту пак, Фондот за осигурување на депозити одговори на барањето упатено од Здружението „Правда за штедачи“ од 28.04.2021 да достави податоци за својата финансиска состојба.
Токму поради молкот од страна на Фондот за осигурување на депозити, немање на достапни информации за годишниот извештај од работењето за 2020 годоина, како и за ревизорскиот извештај од овластениот ревизор за 2020 година, Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи” бара, но и го повикува Државниот завод за ревизија, да направи контрола на работењето на Фондот за осигурување на депозити, дали наменски биле трошени средствата  и  да ја  биде утврдена точната финансиска состојба во која се наоѓа Фондот и да се елиминираат сите шпекулации за неговата финансиска состојба“, се наведува во соопштението на Здружението.

Здружението на оштетени штедачи објавува соопштение со контрааргументи за издвоеното мислење на четворицата уставни судии

Издвоено мислење на неколку уставни судии во врска со постапката за членот 163 ставот 3 од Законот за банките

Решението на Уставниот суд за поведувањето постапка за член 163 став 3 од Законот за банките

Уставниот суд поведе постапка за членот 163 ставот 3 од Законот за банките

Што и како се осигурува во Фондот за осигурување на депозити

Членот 163 од Законот за банките повторно на разгледување пред Уставниот суд

Уставниот суд ќе расправа за членот 163 од Законот за банките по изјаснувањето на Антикорупциската комисија

Членот 163 од Законот за банките, кој е оспорен пред Уставниот суд

Уставниот суд е пред историска одлука за ставање крај на безредието во банкарскиот систем, велат оштетените штедачи

Истрага за четири одговорни лица во Еуростандард банка

ФОД: Досега исплатени 3,2 милијарди денари на депонентите на „Еуростандард банка“

Обвинителен акт против девет лица за перење на над девет милиони евра

Одложено рочиштето за стечајната постапка над Еуростандард банка

ФД: Oбесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ се одвива без поголеми пречки

Управниот суд ја отфрли тужбата од „Еуростандард банка“

На 15 септември започнува обесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ со право на обесштетување

Соопштение на Фондот за осигурување на депозити до депонентите во „Еуростандард банка“

ДКСК: Случајот со Ангеловска проблематичен од етички аспект, потребни се законски измени

Стечајна постапка за Еуростандард банка: Интервју со Дејан Костовски, експерт за стечај

Банки преку кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка

Определен е стечаен управник за Еуростандард банка и закажано е рочиште за пријавените побарувања

Народната банка: Го штитиме интересот на граѓаните и ги преземавме сите мерки за заштита на депонентите на Еуростандард банка

М.В