/ Прочитано:

6.686

Правно мислење на Врховниот суд за трошоци за превоз на вработени во јавниот сектор за работа надвор од местото на живеење

Врховниот суд на Република Северна Македонија на седницата на Одделот за граѓански дела усвои Правно мислење за трошоци за превоз до и од работа на вработени во јавниот сектор распоредени на работа надвор од местото на живеење. Правното мислење го пренесуваме во целост:

Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 02.12.2019 година, го усвои следното:

П Р А В Н О   М И С Л Е Њ Е

Вработениот во јавниот сектор (административен службеник – работник) распореден со решение на работодавачот надвор од своето место на живеење има право на надомест на трошоци за превоз до и од работно место во случај кога нема организиран превоз, а во висина на најниските реални трошоци согласно член 21 став 1 алинеја 2 од Општиот колективен договор за службениците во јавниот сектор на Република Македонија.

О б р а з л о ж е н и е

Правното прашање дали на вработените во Јавниот сектор (административни службеници) им следуваат трошоци за превоз до и од работа, во случај кога превозот не е организиран од страна на работодавачот, а административниот службеник е упатен заради потреба на работодавецот на работно место надвор од местото на живеење, произлегува од поднесена иницијатива на адвокат согласно член 37 став 1 алинеја 1 од Законот за судовите, со оглед дека има спротивставени ставови од страна на судовите при одлучувањето и носењето на судските одлуки, па се јавува потребата од воедначување на судската пракса и обезбедување на единство во примена на законите од страна на судовите.

Врховниот суд на Република Северна Македонија, имајќи ја во предвид потребата од воедначување на судската пракса и обезбедување на единство во примена на законите, смета дека по однос на погоре наведеното правно прашање треба да се применат Законот за административните службеници, Законот за работните односи како и одредбите од Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија.

Согласно член 93 став 1 алинеја 1 од Законот за административните службеници,

административниот службеник има право на надоместоци на плата и други надоместоци согласно со овој закон и општите прописи за работни односи и тоа за патни, дневни и други трошоци за службени патувања во земјата и во странство, а согласно став 2 од истиот член висината на надоместоците од став 1 на овој член, за секоја година се утврдуваат со Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија, односно со Одлуката за извршување на Буџетот на Единицата на локалната самоуправа. Во став 3 стои дека Владата на Република Македонија поблиску го уредува начинот за распределување на надоместоците.

Согласно член 113 став 1 од Законот за работните односи, работникот има право

на надомест на трошоци поврзани со работа, а во став 2 од истиот член е регулирано дека висината, основицата и рокот за пресметување и исплата на надоместокот на овие трошоци се утврдува со закон и Колективен договор.

Согласно член 21 став 1 алинеја 2 од Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија, работникот има право на надомест на трошоците за превоз до и од работа во случаи кога нема организиран превоз во висина на најниските реални трошоци.

Правото на тужителите за надомест на трошоци за превоз до и од работа во случаи кога нема организиран превоз во висина на најниските реални трошоци, регулирано е со погоре цитираните законски одредби како и со одредбите од Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија и се работи за право кое е поповолно за работникот – тужителот.

Во конкретниот случај, со оглед на фактот што тужителите бараат трошоци за превоз до и од работа во случаи кога нема организирано превоз во висина на најниските реални трошоци (автобуски билет), а пониско од најниските трошоци не може да се утврди ниту пак да се определува и усогласува со Анекс договор на Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија кој се носи на годишно ниво.

Сентенци за разрешувањето директор на јавна установа и за застареност на побарувањето за надомест на штета спрема ликвидатор на правното лице

Врховниот суд за прописите укинати од Уставниот суд: Судска одлука не може да се заснова на пропис кој не постои во правниот поредок

Врховниот суд со сентенци за правниот интерес за утврдување вистинитост на исправа и за прекинот на рокот за застареност

Правно мислење на Врховниот суд за трошоците за објавување пресуда

Сентенца за правото на регрес во случај на оневозможување утврдување на присуство на алкохол во моментот на незгодата

Правно мислење на Врховниот суд за укинување на потврда за правосилност и извршност на извршна исправа

Правно мислење на Врховниот суд за амнестијата на правосилно осудени лица за кои претходно била издадена потерница

ВРХОВНИОТ СУД: Не треба да плаќаат надомест станарите кои никогаш не биле приклучени на систем на топлинска енергија, не склучиле договор и не поставиле инсталација

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ НА ВРХОВНИОТ СУД: Застареност на побарувањето на неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување во стечајна постапка

Правно мислење на Врховниот суд за возачот почетник во случаите кога го управува возилото спротивно на пропишаните услови

КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета

ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ НА ВРХОВНИОТ СУД: Изјава на обвинет за откажување на некое од правата од член 206 став 1 од ЗКП

Правно мислење на Врховниот Суд: Јавниот обвинител има обврска да даде мислење по барањата за укинување или замена на мерката притвор

Сентенци на Врховниот суд за вознемирување насочено кон физичко лице и право на совладение врз неподелена ствар

Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка

Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка

Сентенца на Врховниот суд во врска со писмена изјава на работникот за продолжување на договорот за вработување

Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови

Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи

Сентенци на Вишиот управен суд за права од работен однос, даночни права, имотноправна област и други права

Сентенци на Вишиот управен суд за прашања од имотно-правната област, правата од пензиско и инвалидско осигурување и даночните права

Сентенци на Вишиот управен суд за имотни права, за права од пензиско и инвалидско осигурување и за даночни права

„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“

СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД

ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети

Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП

М.В