/ Прочитано:

13.025

Втора исплата од МојДДВ во согласност со Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица

Управата за јавни приходи одржа прес-конференција посветена на втората исплата од МојДДВ во согласност со Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, истакна дека со втората исплата од МојДДВ на трансакциските сметки на 197.819 граѓани корисници на апликацијата ќе им бидат исплатени вкупно 238.075.865 денари, а за првото тримесечје од мерката, односно за месеците јули, август и септември 2019 година исплатени се 157.780.662 денари на 147.251 граѓани корисници на апликацијата МојДДВ.

Директорката извести дека исплатата од првото тримесечје е сѐ уште во тек за оние граѓани што извршиле корекции на трансакциските сметки, и апелираше граѓаните да ги проверат трансакциските сметки коишто ги внеле во апликацијата МојДДВ и доколку има грешка да ја коригираат, по што ќе следува исплата од страна на УЈП. Директорката ги посочи и конкретните придобивки од мерката, покрај враќање пари назад кај граѓаните, се забележува и намалување на сивата економија.

По воведувањето на МојДДВ, наплатата на ДДВ споредена со месеците јули – декември 2019 со периодот јули – декември 2018 година покажува зголемување за 11,2%. Зголемено е и пријавувањето на нерегуларности поврзани со фискални сметки, при што на линијата 198 од почетокот на оваа мерка до денес има вкупно 1.687 пријави во однос на периодот јули – јануари минатата година кога имаше вкупно 741 пријави за неправилности.

Намалувањето на сивата економија е стратешки приоритет и цел на Управата за јавни приходи и во тој контекст континуирано се спроведуваат активности насочени за реализација на стратешката цел, како во однос на измени во законска регулатива и фискална едукација, учество во национални стратегии, склучување на меморандуми за соработка, како и континуирано спроведување на контроли кај даночни обврзници по Законот за регистрирање на готовински плаќања во однос на поседување на фискален систем на опрема и регистрирање на готовинските плаќања. Лукаревска истакна дека во периодот јули – декември 2018 споредбено со истиот период во 2019 најчести неправилности утврдени со контролите се неиздавање на фискални сметки, односно користење на компјутерски сметки/маркери како замена за фискална сметка, непоседување на резервен фискален систем на опрема, како и непоседување и неевидентирање на податоци во книга за дневен финансиски извештај и итна сметководствена книга.

Директорката изрази задоволство од популарноста на МојДДВ и истакна дека со намалување на сивата економија, со пријавувањето на нерегуларности и со враќање на пари кај граѓаните се зголемува довербата во оваа мерка.

Започна исплатата за МојДДВ за второто тримесечје

УЈП: Исплатата на повратот од ДДВ е во тек

Детали за наградната игра за МојДДВ, која започнува во недела

Исплата на парични средства за „MојДДВ“

Соопштение од УЈП во врска со „Мој ДДВ“

Десктоп апликација на МојДДВ за скенирање и сторнирање на фискални сметки

Државната лотарија и УЈП ќе организираат наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“

УЈП: Веб-апликацијата „МојДДВ“ за увид во износот на поврат и бришење на фискални сметки достапна за граѓаните

Граѓаните скениралe речиси 7 милиони фискални сметки

Сторнираните фискални сметки компаниите сами ќе ги пријавуваат во УЈП

УЈП: Симнете ја апликацијата ,,Мој ДДВ” и скенирајте ги фискалните сметки

Донесен Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица

Законот за враќање на ДДВ на собраниска седница и пред Законодавно-правната комисија по скратена постапка

Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица во собраниска процедура

Презентиран Законот за враќање на 15% од ДДВ на граѓаните

Поврат на ДДВ: Само најбогатите домаќинства ќе можат да вратат една просечна плата

М.В