/ Прочитано:

2.907

Второ читање на Предлог-законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти

Предлог-законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, по скратена постапка, е на дневен ред на Законодавно-правната комисија. Законот е во фаза на второ читање.

„Постапувањето со бесправно изградени објекти во Република Северна Македонија е уредено со Законот за постапување со бесправно изградени објекти  кој закон треба да се применува до 2021 година, а предмет на истиот се бесправните објекти изградени заклучно со 3 Март 2011 година.

Со овој закон неколку пати е продолжуван рокот за доставување на барање со потребната документација, меѓутоа од причини што голем дел од барателите не ја доставија потребната документација во законски утврдените рокови, дел од објектите и понатаму останаа без правен статус.

Исто така од страна на Заедницата на единиците на локална самоуправа укажано е дека во поголем дел од единиците на локална самоуправа евидентирани се бесправни градби кои се изградени после 3 март 2011 година, кои објекти не се предмет на постојниот закон и истите треба да бидат отстранети што ќе предизвика дополнителни административни постапки и трошоци за единиците на локална самоуправа“, се вели во законското образложение.

Спроведувањето на законот, се вели во законското образложение, ќе повлече материјални обврски за единиците на локална самоуправа при донесување на планската документација за вклопување на бесправните објекти за кои ќе се утврди правен статус и за изградба на потребната инфраструктура за истите, како и за имателите на бесправни објекти за обезбедување на документацијата потребна да се достави кон барањето за утврдување на правен статус на бесправен објект и за плаќање на надоместокот за утврдување на правен статус.

Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти е во собраниска процедура по скратена постапка

Законските новини за легализација на бесправно изградените објекти

Законски новини за легализацијата на бесправните објекти и за данокот на додадена вредност

Се зголемува прагот за ДДВ обврзник

Десктоп апликација на МојДДВ за скенирање и сторнирање на фискални сметки

Државната лотарија и УЈП ќе организираат наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“

УЈП: Веб-апликацијата „МојДДВ“ за увид во износот на поврат и бришење на фискални сметки достапна за граѓаните

Граѓаните скениралe речиси 7 милиони фискални сметки

Сторнираните фискални сметки компаниите сами ќе ги пријавуваат во УЈП

УЈП: Симнете ја апликацијата ,,Мој ДДВ” и скенирајте ги фискалните сметки

Донесен Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица

Законот за враќање на ДДВ на собраниска седница и пред Законодавно-правната комисија по скратена постапка

Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица во собраниска процедура

Презентиран Законот за враќање на 15% од ДДВ на граѓаните

Поврат на ДДВ: Само најбогатите домаќинства ќе можат да вратат една просечна плата

Стапуваат во примена законските измени што предвидуваат нов рок за барањата  за легализација на дивоградби

Измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, кои предвидуваат нов рок за барањата – во собраниска процедура

Легализацијата на дивоградбите – нова шанса за граѓаните да го остварат своето уставно право на сопственост

ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ: Нов рок за доставување на барањата за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти

М.В

М.В