< 2024 >
February
MoTuWeThFrSaSu
   1234
5678
  • 10:00 -14:00
    08/02/2024Europe/Skopje

    На 08.02.2024 година (четврток), од 10:00 до 14:00 часот, Академик ќе одржи онлајн обука на тема: „Практична примена на Законот за јавните набавки, предизвици со кои се соочуваат договорните органи и економските оператори во пракса и правната заштита“.

    Оваа обука е наменета за договорните органи и за економските оператори, а нејзината цел е да се укаже на најчестите предизвици со кои се соочуваат договорните органи и економските оператори во постапките за јавни набавки што вообичаено се користат (набавка од мала вредност, поедноставена отворена постапка и отворена постапка).

    Оттука, во рамките на обуката ќе бидат опфатени сите поединечни фази и сегменти во спроведувањето на јавните набавки, при што фокусот ќе биде ставен на изготвувањето на тендерската документација, на изготвувањето на понудите од страна на понудувачите, на евалуацијата на понудите од страна на договорните органи, како и на правната заштита што, меѓу другото, опфаќа право на жалба и странки во жалбената постапка, правила за докажување, креирање на е-жалба, итн.

    Обуката е дизајнирана да даде практичен придонес во правилното спроведување на јавните набавки од страна на договорните органи и економските оператори, со тоа што најчестите предизвици, како и дилемите кои се јавуваат во реалноста ќе се детектираат преку споредување на дадените позитивни законски решенија со примери од праксата.

    Предавач на обуката ќе биде Савка Нејковска-Тасева – вработена во Државната комисија за жалби по јавни набавки, со повеќе од десет години работно искуство во областа на јавните набавки и сертифициран обучувач од областа на јавните набавки.

    Агенда

    Предизвици со кои се соочуваат договорните органи при изготвување на тендерската документација

    • Услови за квалитативен избор на економските оператори и докажување на способноста преку примери и пракса
    • Изготвување на техничка спецификација
    • Средства за обезбедување

    Најчести пропусти по фазите од постапката за јавна набавка (најчесто користените)

    • Набавка од мала вредност
    • Поедноставена отворена постапка
    • Отворена постапка
    • Постапка со преговарање без објава на оглас
    • Набавка на посебни услуги

    Правилна евалуација на понудите

    • Како се докажува способноста на економските оператори?
    • Што е дозволено да се дополнува и појаснува од понудувачите при евалуација на понудите?
    • Како се утврдува невообичаено ниска цена?
    • Користење способност од други субјекти (групна понуда, поддршка и подизведување)
    • Најчести пропусти од страна на договорните органи и понудувачите преку практични примери на Државната комисија за жалби по јавни набавки
    • Управна контрола – кога се применува

    Предизвици со кои се соочуваат економските оператори

    • Изготвување на понудата
    • Потпишување на понудата
    • Пополнување на техничка спецификација

    Правна заштита

    • Право на жалба и странки во жалбената постапка
    • Правила за докажување
    • Изјавување жалба и рокови за изјавување жалба
    • Битни повреди на законот и други повреди на законот и материјалните прописи
    • Креирање на е-жалба
    • Одлуки на Државната комисија за жалби по јавни набавки

    Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

    Цената за учество за едно лице е 5.200 денари со вклучен ДДВ.

    Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

    Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 07.02.2024 година (среда), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

    +389 071/23 23 42 и
    +389 071/23 25 93.

    Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.

    Обуката ќе се спроведува преку платформата ZOOM.

    Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.

91011
12131415
  • 10:00 -14:00
    15/02/2024Europe/Skopje

    На 15.02.2024 година (четврток), од 10:00 до 14:00 часот, Академик ќе одржи онлајн обука на тема: „Канцелариско и архивско работење“.

    • Дали управувањето со документите го имате усогласено со Законот за архивски материјал и со неговите подзаконски акти?
    • Дали користите конвенционални модели на канцелариско и архивско работење и/или електронски системи за управување со документи и податоци?
    • Какви модели користите за чување и заштита на архивскиот и документарниот материјал?
    • Дали имате обезбедено јавно достапни информации/документи за дејности и/или услуги за коишто сте надлежни?

    Онлајн обуката за канцелариско и архивско работење, во организација на Академик, ќе ви обезбеди целосна информација за законските рамки за оваа дејност, но и ќе ве воведе во сите неопходни техники за управување со документите во канцелариското и архивското работење, што претставува столб за чување и заштита на податоците и информациите што се создаваат во текот на работењето на правните лица и со кои се обезбедува чување на институционалната меморија на правните лица и пошироко придонесува за зачувување на колективната меморија на нашето општество.

    Оваа значајна обука која е неопходна за секое правно лице, ги покрива сите сегменти на канцелариското и архивското работење, како на имателите на јавен архивски и документарен материјал, така и на приватните правни лица, но и на физичките лица со јавни надлежности.

    Кои ќе бидат темите на обуката? Преку оваа обука:

    • ќе добиете прецизни информации за законските услови што треба да ги следите во управувањето со документите,
    • ќе ве воведеме во деталните техники на деловодничкото работење,
    • ќе ви ги презентираме моделите на безбедно движење на документите во текот на работните процеси во канцелариското работење,
    • ќе добиете насоки за креирање политики на управување со документите и валоризација на документите преку дефинирање на листи на документи од трајна вредност (историски документи) и листи на документи со рокови на чување,
    • ќе ви дадеме насоки за безбедно чување и заштита на документите во архивското работење, и
    • ќе ви ги презентираме законските норми за обезбедување отчетност и транспарентност во работењето преку почитување на законските норми за достапност на документите создадени во текот на работењето на правните лица.

    Обуката е наменета за одговорните лица кои работат на техничка обработка на документите во кацелариското и архивското работење, како и за раководни лица од јавниот и приватниот сектор кои се задолжени за градење политики за управување со документите.

    Со цел да биде што покорисна и попрактична, пред одржување на обуката учесниците ќе добијат прашалник, во кој ќе може да ги наведат проблемите и прашањата што за нив се најголем предизвик во практичното работење, за кои ќе се разговара во текот на обуката.

    Предавач на оваа обука ќе биде Сузана Стамболиска – експерт за канцелариско и архивско работење, со над 20 години работно искуство во оваа област и поранешен раководител на Одделението за инспекциски надзор во Државниот архив – виш инспектор за архивски материјал.

    Агенда

    • Законски и подзаконски акти за управување со документите во канцелариското и архивското работење
    • Основни техники на канцелариско работење
    • Валоризација на документите и основни техники на архивско работење
    • Електронски системи за управување со документи – електронски деловодници и EDMS
    • Измени во подзаконските акти за канцелариско и архивско работење и нивното влијание во унапредувањето на дигиталното управување со документите
    • Дискусија со учесниците и практични примери за надминување на предизвиците со кои се среќаваат јавните и приватните правни лица во текот на секојдневното управување со документите

    Цената за учество за едно лице е 5.200 денари со вклучен ДДВ.

    Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

    Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 14.02.2024 година (среда), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

    • +389 071232342 и
    • +389 071232593.

    Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете прашалник и покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.

    Обуката ќе се спроведува преку платформата ZOOM.

    Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.

161718
19202122
  • 10:00 -14:00
    22/02/2024Europe/Skopje

    Академик, во рамки на својата програма за организирање обуки за заштита на личните податоци, на 22.02.2024 година (четврток), од 10:00 до 14:00 часот, ќе одржи онлајн обука на тема: „Како да бидеме успешни во улогата на офицер за заштита на личните податоци“.

    Улогата на офицерот за заштита на личните податоци е клучна во обезбедување на усогласеност со Законот за заштита на личните податоци. Контролорите кои утврдиле обврска за назначување офицер за заштита на личните податоци се должни да назначат лице кое ги исполнува условите предвидени во Законот за заштита на личните податоци. Во таа насока, меѓу другото, офицерот треба да има завршено високо образование и да има стекнати знаења и вештини во однос на практиките и прописите за заштита на личните податоци.

    Академик во рамки на својата програма за организирање обуки за заштита на личните податоци има организирано многу обуки, опфаќајќи различни сегменти од Законот за заштита на личните податоци. На барање на контролорите и за потребите на офицерите за заштита на личните податоци, Академик ја организира оваа обука наменета за определените офицери за заштита на личните податоци кои сакаат да го надградат своето знаење и вештини, како и за лицата кои сакаат да бидат офицери за заштита на личните податоци. Обуката ќе биде интерактивна и преку практични примери ќе ви ја доближи улогата на офицерот за заштита на личните податоци во секојдневното работење.

    Предавач на обуката ќе биде Арбен Гудачи – експерт и консултант за заштита на личните податоци со долгогодишно искуство во областа.

    Агенда

    • Законот за заштита на личните податоци (ЗЗЛП)
    • Разбирање на начелата за заштита на личните податоци, улогите, одговорностите и активностите за обработка на лични податоци според ЗЗЛП
    • Разбирање на одговорностите на контролорот и обработувачот
    • Правата на субјектите на личните податоци и како тие се применуваат во секојдневното работење
    • Утврдување на правниот основ и водење различни евиденции за мапирање на процесите кај контролорот
    • Правила за меѓународен пренос на податоци
    • Како да извршиме анализа на постоечкиот систем
    • Како да утврдиме чекори за усогласување со законот
    • Подготвување на план за обуки и контроли
    • Основните вештини кои треба да ги поседува офицерот за заштита на личните податоци

    Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

    Цената за учество на обуката за едно лице е 5.200 денари со вклучен ДДВ.

    Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

    Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 21.02.2024 година (среда), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

    • +389 071232342 и
    • +389 071232593.

    Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.

    Обуката ќе се спроведува преку платформата ZOOM.

    Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.

232425
26272829