Министерството за здравство: Првата пациентка со коронавирус денеска заминува на домашно лекување
Министерството за здравство информира дека првата пациентка со коронавирус денеска заминува на домашно лекување. Таа беше по втор пат тестирана по дијагностицирањето на вирусот, нејзините тестови се негативни на коронавирусот и таа добро се чувствува.
„Здравствената состојба на пациентите позитивни на ковид-19 кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна. Во стабилна состојба е и првата пациентка од Дебар која е на респираторна машина. Стабилни се и 5-те пациенти во Дебар.
Во текот на ноќта нема нови лица тестирани на коронавирус, а во моментов се чекаат брисеви за тестирање на три лица од Дебар, сите тројца контакти на претходно заболените.
Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово одржа редовен состанок со Комисијата за заразни болести, на која се разговараше за состојбата со овој вирус во земјава.
Во моментов, се одржува состанок со кризниот штаб во Владата на Република Северна Македонија“, соопштуваат од Министерството.
Одложување на мартовската уписна сесија
Адвокатската комора: Соопштение за работно време со странки
Апел и препораки на Адвокатската комора до адвокатите
Адвокатската комора со барање за воведување мерки за заштита од коронавирусот во правосудниот систем
Владата со нови препораки до работодавачите и до Јавното обвинителтсво
Воведена кризна состојба во Дебар и во Центар Жупа
Објавени сите забрани за ширењето на коронавирусот
Најнова листа на земји со среден и висок ризик
Судскиот совет: Граѓаните да се јавуваат во судските постапки само ако е тоа неопходно
Министерството за здравство со нови совети за заштита од коронавирусот
Катастарот со променето работно време
МИОА апелира да се користи можноста за добивање услуги по електронски пат
Нови мерки за заштита од коронавирусот
Арсовска: Потребна е навремена помош за справување со ефектите од Ковид-19 врз економијата
„Фајнанс тинк“ за заканите од коронавирусот за економијата
Филипче: Препораките за заштита од коронавирусот важат и за приватните компании
МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште
НБ: Коронавирусот се одразува врз глобалната економија, но сѐ уште се неизвесни економските ефекти
Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка
Кривичните дела и казните за непочитување на препораките на Владата за коронавирусот
Интегрален текст на заклучоците на Владата за заштита од коронавирусот
Министерството за здравство со информации за заштита од коронавирусот
ФИЛИПЧЕ: Граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од овој вирус
Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот
Препораки од Министерството за здравство за заштита од коронавирусот
Владата донесе препораки за заштита од коронавирусот
Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот
М.В