/ Прочитано:

1.156

СЈО не гони случаи од висок профил или политички чувствителни случаи, се вели во извештајот на ГРЕКО

На хартија, земјата има воспоставено прилично широка политичка, правна и институционална рамка за спречување и борба против корупцијата, се вели во извештајот на ГРЕКО за Македонија.

Државната програма за сузбивање на корупцијата и намалување на судир на интереси 2016 – 2019 опфаќа превентивни и репресивни елементи и ги опфаќа јавниот и приватниот сектор.

Правната рамка се состои од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, Законот за лобирање и Законот за заштита на укажувачите, како и значителен број на прописи.

Сепак, се вели во извештајот, спроведувањето на тие политики и закони е слабо и селективно и честите законски измени створија општа непредвидлива средина и дозволија корумпирани јавни службеници да дејствуваат неказнето.

„Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), основана во 2002 година како постојан самостоен орган за спроведување на рамката за спречување на корупцијата, од самиот почеток беше критикувана дека не е независна, со слаб мандат и невидлива, наместо да дејствува како движечка сила во борбата против корупцијата. Во март 2018 година, пет од нејзините седум члена, вклучувајќи го и претседателот, поднесоа оставка среде обвинувања за проневера на финансиски средства: тие побарувале нереално високи патни трошоци за патување во периодите кога тие исто така биле евидентирани дека редовно одат на работа.

Оттогаш, активностите на ДКСК беа во застој и Јавното обвинителство отвори истрага. Повеќето локални извори известуваат дека ДКСК ја изгуби довербата на граѓаните и не успеа да ги исполни своите обврски за следење и контрола. Новата Државната комисија за спречување на корупција беше избрана во февруари 2019 година, врз основа на новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси (ЗСКСИ), усвоен во 2019 година“, се посочува во извештајот.

„Системот на кривична правда, исто така, не е успешен во борбата против корупцијата. Иако Специјалното јавно обвинителство оформи предмети во суд за неколку случаи на корупција на високо ниво, кои произлегуваа од скандалот со прислушувањето, обвинителите генерално не гонат систематски случаи од висок профил или политички чувствителни случаи. Се смета дека напредокот во оваа област силно зависи од тоа дали судството во земјата може да почне да функционира независно и непристрасно.

Во периодот од посетата на државата, евалуациониот тим на ГРЕКО е информиран за некои позитивни случувања кои вклучуваат криминализација на корупција од висок профил“, се додава во извештајот.

Капацитетот на јавниот сектор за ефикасно спречување на корупцијата, укажуваат од ГРЕКО,  исто така покажа структурни и оперативни недостатоци.

Политичкото мешање во работата и именувањата во јавната администрација се чини дека се широко распространети и често полни со етнички елементи. Непотизмот и судирот на интереси не се соодветно третирани, а медиумите се сметаат за „неслободни“.

Минатата година ГРЕКО оцени: Разочарувачки резултати за превенцијата на корупцијата

КОРУПЦИЈАТА СЕ СМЕТА ЗА СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ: Извештај и препораки на ГРЕКО

ОБСЕ го презентираше вториот извештај за предметите во надлежност на СЈО

Советник за интегритет ќе ги советува членовите на Владата за препораките од Извештајот на ГРЕКО

Со меѓународна соработка до ефикасна борба против корупцијата

Министерството за правда да го информира ГРЕКО за превенцијата на корупцијата на пратениците, судиите и обвинителите

Проф. д-р Ана Павловска-Данева именувана за член на ГРЕКО

„Не се постапува по забелешките на ГРЕКО за пратениците, судиите и обвинителите“, предупредуваат од Транспаренси интернешнл

Исполнувањето на препораките на ГРЕКО значи подобар систем, но и подобар живот, вели претседателот на ГРЕКО

Д-р Марин Мрчела, претседателот на ГРЕКО: Може да се има доверба само во судија кој со своето однесување покажува најголеми морални доблести

Етичкиот кодекс значи одговорност за пратениците во и надвор од Собранието

Пратениците добија етички кодекс

Предложен кодекс за етичко однесување на пратениците во Собранието на РМ

Собранието да донесе измени во Законот за пратениците и да донесе Кодекс за етика на пратениците

Етички кодекс за пратениците, спречување судир на интереси и примање подароци – препорачува ГРЕКО за членовите на Собранието

Мисијата на ОБСЕ го објави извештајот за активностите и предметите во надлежност на СЈО

Извештајот на СЈО пред пратениците

Анализа за трансформацијата на СЈО и проблемот со неговата уставност

Министерство за правда: Законот за јавното обвинителство е закон без скриена амнестија

Граѓанските организации бараат повлекување на Предлог-законот за јавното обвинителство

Јавниот обвинител на СЈО за својата работа ќе одговара пред републичкиот  јавен обвинител

Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО

Новините во предложените измени на Законот за Советот на јавните обвинители

Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО

СЈО да биде дел од ЈО, со посебна автономија

Јовески: Да постои единствен закон за Јавно обвинителство, во кој би се вклопил и Законот за СЈО

Објавен текстот на Предлог-законот за Специјалното јавно обвинителство – се предвидуваат нови надлежности на СЈО

Министерството за правда подготвува Закон за Специјалното јавно обвинителство

М.В