Започна постапката за разрешување на Катица Јанева
Советот на јавните обвинители одлучи да ја започне постапката за разрешување на обвинителката Катица Јанева, која раководи со Специјалното јавно обвинителство. Претседателот на Советот, Коле Штерјев, рече дека членовите на Советот го анализирале материјалот во врска со Јанева доставен од Обвинителството, по што едногласно одлучиле дека е потребно започнување на постапката за нејзино разрешување. По оваа одлука, појасни Штерјев, потребно е да се изготви извештај за утврдената фактичка состојба и за основите за разрешување на Јанева, кој ќе биде доставен до Собранието.
Минатата недела Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција до Советот на јавни обвинители го достави извештајот во врска со случајот „Рекет“ и обвинителката Катица Јанева, која е осомничена во овој случај.
Во членот 18 од Законот за СЈО се пропишува дека јавниот обвинител се разрешува од функција пред истекот на мандатот поради незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата.
Доколку Советот на јавни обвинители започне постапка за разрешување на јавниот обвинител, Советот на јавните обвинители во разумен рок ќе достави извештај за утврдената фактичка состојба и основите за разрешување до Собранието на Република Македонија.
Извештајот ќе биде достапен на јавноста преку комисиите во Собранието на Република Македонија, освен доколку некоја од комисиите не го одложи или спречи објавувањето на дел и на целиот извештај, доколку најде за потребно да се заштитат правата на секое лице наведено во извештајот, или да спречи недозволено влијание во кое било кривично гонење.
Врз основа на доставен извештај од страна на Советот на јавни обвинители, на предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата во Собранието на Република Македонија, по претходна согласност на четирите политички партии со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија, Советот по предлог на Собранието на Република Македонија го разрешува јавниот обвинител.
Собранието го утврдува предлогот за разрешување на јавниот обвинител до Советот на јавни обвинители со двотретинско мнозинство, вклучувајќи и мнозинство од гласовите на пратениците кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство, и ќе го поднесе до Советот.
Извештајот за Јанева доставен до Советот на јавни обвинители
Жалбата на Катица Јанева за притворот одбиена како неоснована.
Законските одредби за разрешувањето на јавниот обвинител кој раководи со СЈО
Етичкиот кодекс на јавните обвинители за односот на обвинителот со обвинетиот
Начела до кои обвинителите се должни да се придржуваат според Етичкиот кодекс
Определен притвор за Јанева, Обвинителството продолжува со истрагата за случајот „Рекет“
Детали од Обвинителството за истрагата против Катица Јанева, која денеска беше приведена
Јанева не чувствува вина за „Рекет“
Катица Јанева дава исказ во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“
Обвинителот Рустеми од СЈО ќе дава исказ во Обвинителството
ЈО: За случајот „Рекет“ во тек е финансиска истрага и прибирање на доказен материјал
По предлог на Обвинителството продолжена мерката притвор во предметот „Рекет“
Пендаровски: Не го дискредитирав Јавното обвинителство
Обвинителството со соопштение до јавноста за изјавата на Пендаровски и случајот „Рекет“
Обвинителката Стефанова ќе дава исказ во Јавното обвинителство
Пендаровски: За случајот „Рекет“ правосудните органи да ја истераат работата докрај
Јанева и Стефанова со изјави за објавените снимки за „Рекет“
ЈО за снимките за „Рекет“: Станува збор за материјали кои се дел од доказната постапка
Објавени нови снимки за случајот „Рекет“
Објавена видеоснимка за случајот „Рекет“
ЈО прибира вербални докази за случајот „Рекет“, изјави дале градоначалниците на Карпош и на Битола
Јанева вели дека не ја злоупотребила должноста
ЈО: Пронајден е вториот мобилен телефон на Катица Јанева
М.В