/ Прочитано:

1.083

Народната банка: Заради заштита на здравјето да се намали употребата на денарската и девизната готовина

„Како дел од мерките и апелите за зголемување на свесноста и одговорноста што сите ние ја имаме во заштитата на здравјето, а во услови на ширење на вирусната инфекција ковид-19, укажуваме и ве информираме за следново:

Со оглед на тоа што готовината се смета за еден од честите канали за пренос на инфекцијата, а заради превенција од евентуално пренесување на заразата, повторно апелираме да се намали употребата на готовина, а да се зголеми употребата на платежните картички и останатите алтернативни, електронски начини на извршување на трансакциите. На таков начин ќе го заштитите сопственото здравје, како и здравјето на сите околу вас.

Воедно, им препорачуваме на банките да ги разгледаат можностите за намалување на провизиите поврзани со безготовински трансакции.

Занамалување на ризиците од употребата на денарската готовина, воведовме зајакнати протоколи за постапување, коишто се однесуваат на редовно повлекување на банкнотите и монетите што се во циркулација и нивно чување во карантин пред повторното пуштање во промет, а воедно ги укинавме и повизиите коишто ги наплатуваме од банките за полагање и подигање денарска ефектива. Ваквата процедура ќе се почитува и од страна на банките со кои остваруваме активна комуникација со цел заеднички да обезбедиме сведување на ризиците од контаминација и пренесување на заразата преку готовината којашто е во оптек на најниско ниво.

Притоа, би сакале особено да посочиме на претпазливост при користењето на странската готовина (девизи) којашто е внесена од друга држава и носи висок ризик од пренесување на заразата. Препорачуваме неа да ја размените во овластените банки и менувачници, по што ќе се применат посебни мерки за постапување и со оваа готовина, за да се намали можноста за пренесување зарази преку овој канал.

Апелираме до сите граѓани да ги следат и да се придржуваат кон препораките од надлежните органи за да се справиме со настанатата состојба што побрзо и поефикасно. Како што е потврдено во многу случаи досега, превенцијата и соодветното следење на препораките се од клучно значење во справувањето со ваквите непогоди“, соопштуваат од Народната банка.

Судскиот совет донесе одлука за постапување на судовите во услови на зголемена опасност од коронавирусот

Советот за безбедност: Поставеноста на државата во овој момент е соодветна

Замрзнати цените на основните продукти

Препораки до Судскиот совет за судењата и препораки до коморите на адвокатите, нотарите и извршителите

Нови заострени мерки за заштита од коронавирусот

Задолжителни упатства на Јавното обвинителство во врска со коронавирусот

Министерството за здравство: Првата пациентка со коронавирус денеска заминува на домашно лекување

Одложување на мартовската уписна сесија

Адвокатската комора: Соопштение за работно време со странки

 Адвокатската комора со барање за воведување мерки за заштита од коронавирусот во правосудниот систем

Владата со нови препораки до работодавачите и до Јавното обвинителтсво

Воведена кризна состојба во Дебар и во Центар Жупа

Објавени сите забрани за ширењето на коронавирусот

Кривичниот суд во врска со коронавирусот: Пред сè адвокатите, кои се најчести „посетители“ на судот, совесно да се однесуваат

Најнова листа на земји со среден и висок ризик

Судскиот совет: Граѓаните да се јавуваат во судските постапки само ако е тоа неопходно

Министерството за здравство со нови совети за заштита од коронавирусот

Катастарот со променето работно време

Министерството за правда препорачува продолжување на судските постапки со зголемено ниво на претпазливост

МИОА апелира да се користи можноста за добивање услуги по електронски пат

Нови мерки за заштита од коронавирусот

Арсовска: Потребна е навремена помош за справување со ефектите од Ковид-19 врз економијата

„Фајнанс тинк“ за заканите од коронавирусот за економијата

Филипче: Препораките за заштита од коронавирусот важат и за приватните компании

МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште

НБ: Коронавирусот се одразува врз глобалната економија, но сѐ уште се неизвесни економските ефекти

Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка

Кривичните дела и казните за непочитување на препораките на Владата за коронавирусот

Интегрален текст на заклучоците на Владата за заштита од коронавирусот

Министерството за здравство со информации за заштита од коронавирусот

Градинките, училиштата и факултетите да бидат затворени следните 14 дена препорача Комисијата за заразни болести

Лекарската комора апелира лекарите и здравствените работници да се придржуваат до препораките за коронавирусот

ФИЛИПЧЕ: Граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од овој вирус

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

Препораки од Министерството за здравство за заштита од коронавирусот

Владата донесе препораки за заштита од коронавирусот

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

М.В