Врховниот суд во сентенца за кривичното дело „Силување“ се повикува на праксата на Европскиот суд за човекови права
Врховниот суд усвои сентенца за отсуството на физички и телесни повреди кај кривичното делото Силување.
„Отсуството на постоење на физички повреди во пределот на гениталната регија на телото на оштетената не може да упатува дека не постои доказ за недостаток на согласност кај оштетената за силување.
Современите стандарди и позитивните обврски на државата, според членот 3 и членот 8 од ЕКЧП и други меѓународни документи, бараат почитување на сексуалната автономија на поединецот и на еднаквоста“, гласи сентенцата на Врховниот суд.
„Во случајот не може да се прифати дека за време на кривичноправниот настан постоел доброволен сексуален однос и оштетената не пружала отпор. Ова, од причина што во случајот исполнети се обележјата на законското битие на кривичното дело „Силување“ од член 186 став 1 од Кривичниот законик, на задните седишта од возилото, за кое време оштетената пружала отпор, се противела, плачела и викала, давајќи траен и сериозен отпор, но со оглед дека осудениот бил покрупен и посилен од неа го совладал нејзиниот отпор и го ставил неговиот полов орган во нејзиниот полов орган и насилно извршил обљуба врз оштетената.
При одлучувањето, Врховниот суд на Република Северна Македонија ја имаше предвид и судската пракса на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, и тоа во предметот (М. Ц. против Бугарија (М. C. v. Bulgaria, бр. 39272/98, §§ 156-185, ЕCHR 2003-XII), во кој Судот констатирал дека употребата на физичка сила од страна на сторителот и физичкиот отпор од страна на жртвата повеќе не е обврска во европските земји. Во јурисдикциите кои почиваат на обичајното право, во Европа и на други места, сите упатувања на физичка сила се отстранети од законодавството, или прецедентното право. Во повеќето европски земји кои се под влијание на континенталната правна традиција дефиницијата за силување во судската пракса и правната теорија содржи упатување на употреба на насилство, или закани за насилство од страна на сторителот, во дефинирањето на силувањето неопходен елемент е недостатокот на согласност од страна на жртвата. Во меѓународното кривично право, секоја сексуална пенетрација без согласност на жртвата претставува силување. Законот и правната практика упатуваат на почитување на сексуалната автономија на поединецот и на еднаквоста. Со оглед на современите стандарди и трендови, како и одредбите од членовите 3 и 8 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, упатуваат на санкционирање и ефективно гонење на кој било неконсензуален сексуален чин, дури и кога жртвата физички не се спротивставува…“, се вели во образложението на сентенцата. Сентенцата во целост.
Сентенца на Врховниот суд за пресметувањето трошоци во кривичната постапка
Правно мислење на Врховниот суд во врска со задоцнувањето на доверител
Правно мислење на Врховниот суд за трошоците за објавување пресуда
КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета
ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност
Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка
Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка
Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови
Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи
„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“
СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД
ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети
Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП
М.В