Сентенца за надлежен орган за одлучување за притвор по укинување на првостепена и второстепена пресуда
Надлежен орган за одлучување за притвор по укинување на првостепена и второстепена пресуда
Сентенца
Кога по барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, првостепената и второстепената пресуда се укинати и предметот е вратен на првостепениот суд на повторно судење, надлежен орган да одлучува за мерката притвор и други мерки за обезбедување на присуство на обвинетиот во натамошниот тек на постапката е советот на првостепениот суд од член 25 став 1 или 5 од Законот за кривичната постапка.
Образложение
Жалбата е недозволена. Според член 172 став 1 од Законот за кривичната постапка, по одобрување на обвинението до завршувањето на главната расправа, по предлог на странките, притворот може да се определи, продолжи или укине само со решение на советот (член 25 став (1) или (5)).
Согласно став 3 од истиот член, по предлог на странките и по службена должност советот е должен по истекот на 30 дена од правосилноста на последното решение за притвор, да испита дали сe уште постојат причините за притвор и да донесе решение за продолжување или укинување на притворот…се образложува во сентенцата.
Сентенца на Врховниот суд за конфискација на имот и имотна корист
Сентенца за недозволено барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда
Сентенца на Врховниот суд за одговорно лице во правното лице
Сентенца на Врховниот суд за пресметувањето трошоци во кривичната постапка
Правно мислење на Врховниот суд во врска со задоцнувањето на доверител
Правно мислење на Врховниот суд за трошоците за објавување пресуда
КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета
ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност
Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка
Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка
Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови
Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи
„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“
СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД
ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети
Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП
М.В