Сентенца на Врховниот суд за изјави на сведоци при препознавање
Изјавите на сведоците при препознавање на обвинетиот, кои биле подложени на тортура, деградирачко или понижувачко постапување, се изнудени од овластени службени лица во полициска станица, се некредибилни докази, прибавени на незаконит начин со повреда на личноста и достоинството на граѓанинот, со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот, Законот за кривичната постапка и член 3 од Европската конвенција за човекови права, при што истите не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука.
Образложение
Барањето е основано.
Основани се наводите во барањето на обвинетиот за сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 465 став 2 во врска со член 415 став 1 точка 8 и член 465 став 3 од Законот за кривичната постапка, бидејќи пресудата се заснова врз доказ врз кој според одредбите на истиот закон не може да се заснова пресудата, на кој начин е сторена и повреда на правото на одбрана на обвинетиот.
Имено, видно од образложението на правосилната пресуда судот на јавна расправа ги изведува како доказ со читање и им поклонува верба на два записници за идентификација-препознавање РО.бр.670/17 од 24.08.2017 година и исказите на сведоците П.З. и Д.Д. дадени при извршеното препознавање. Ова воедно се крунски докази на обвинението, бидејќи освен дигиталната вага која била одземена од обвинетиот при претрес на неговиот дом и на која имало траги од повеќе видови наркотична дрога и психотропни супстанции, се единствените докази кои директно го посочуваат обвинетиот И.А. како сторител на предметното кривично дело….линк до сентенцата.
Сентенца на Врховниот суд за конфискација на имот и имотна корист
Сентенца за недозволено барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда
Сентенца на Врховниот суд за одговорно лице во правното лице
Сентенца на Врховниот суд за пресметувањето трошоци во кривичната постапка
Правно мислење на Врховниот суд во врска со задоцнувањето на доверител
Правно мислење на Врховниот суд за трошоците за објавување пресуда
КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета
ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност
Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка
Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка
Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови
Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи
„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“
СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД
ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети
Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП
М.В