ПРАВНО МИСЛЕЊЕ: Прибелешка на налог за извршување во имотен лист врз недвижност на стечаен должник пред отворање на стечај и разлачно право
Врховниот суд објави правно мислење за прибелешка на налог за извршување во имотен лист врз недвижност на стечаен должник пред отворање на стечај и разлачно право.
П Р А В Н О М И С Л Е Њ Е
Со запишување на прибелешка на налогот за извршување во имотен лист во катастарот на недвижностите, врз недвижност на стечајниот должник пред отварање на стечајна постапка, доверителот не се стекнува со својството на разлачен доверител и право на одвоено намирување од недвижноста.
О б р а з л о ж е н и е
Согласно член 128 став 1 од Законот за стечај, доверителите кои имаат заложно право или право на намирување на некој предмет или права што се запишани во јавни книги (во Државниот завод за геодетски работи, Централниот регистар, во други соодветни регистри и слично), имаат право на одвоено намирување на тој предмет или право според закон.
Според член 168 став 2 од Законот за извршување, со прибелешката доверителот стекнува право своето побарување да го намири од недвижноста (право на намирување) и во случај трето лице подоцна, односно по прибележување на налогот за извршување врз истата недвижност да стекне право на сопственост или право на располагање, освен во случај кога ќе дојде до реализирање на предбележувањето со укнижување во јавната книга согласно одредбите на Законот за катастар на недвижности.
Во ставот 3 од истиот член е нормирано дека доверителот кој барал извршување, а порано не стекнал заложно право, со прибелешката на налогот за извршување врз недвижности стекнува право од недвижноста да се намири пред лицето кое подоцна ќе стекне заложно право врз таа недвижност или право на намирување.
Поаѓајќи од содржината на погоре наведените одредби од Законот за извршување произлегува дека доверителот со запишување на прибелешката на налогот за извршување од недвижноста на должникот не се стекнува со заложно право над оваа недвижност, туку стекнува единствено право своето парично побарување да го намири од недвижноста во случај трето лице подоцна врз истата недвижност да стекне право на сопственост или право на располагање како и со право да се намири од недвижноста пред лицето кое подоцна ќе стекне заложно право врз таа недвижност или право на намирување.
Во смисла на ова доверителот не се стекнал со заложно право врз предметната недвижност на должникот, па нема право на одвоено намирување од недвижноста согласно член 128 од Законот за стечај при состојба кога над должникот е отворена стечајна постапка.
Начелно правно мислење на Врховниот суд за дозволеност на ревизија
Начелно правно мислење за дозволеност на ревизија во постапки за заштита од дискриминација
Сентенца на Врховниот суд за повлекување на изјава за признавање на вина
Сентенца на Врховниот суд за конфискација на имот и имотна корист
Сентенца за недозволено барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда
Сентенца на Врховниот суд за одговорно лице во правното лице
Сентенца на Врховниот суд за пресметувањето трошоци во кривичната постапка
Правно мислење на Врховниот суд во врска со задоцнувањето на доверител
Правно мислење на Врховниот суд за трошоците за објавување пресуда
КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета
ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност
Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка
Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка
Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови
Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи
„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“
СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД
ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети
Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП
М.В