Начелно правно мислење на Врховниот суд за дозволеност на ревизија
Врховниот суд на Република Северна Македонија на Општата седница одржана на 28.04.2021 година, расправајќи по предлогот на Одделот за граѓански дела поднесен врз основа на член 61 став 1 од Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Македонија, согласно член 101 од Уставот на Република Северна Македонија и член 37 став 1 точка 1 од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ број 58/2006…96/2019), со мнозинство гласови, го утврди следното:
НАЧЕЛНО ПРАВНО МИСЛЕЊЕ
Ревизијата поднесена против второстепена пресуда од членот 372 став 4 од Законот за парничната постапка, која иако ги исполнува законските услови од оваа законска одредба, но е дозволена од второстепениот суд спротивно на членот 372 став 5 од истиот закон, во спорови за кои изрично е одредено дека за нив ревизија не е дозволена, се одбива како неоснована.
О б р а з л о ж е н и е
Врховниот суд на Република Северна Македонија кој e највисок суд вож Републиката и го обезбедува единството во примената на законите од страна на судовите воочи дека од страна на второстепените судови се дозволува ревизија по исклучок според членот 372 став 4 од Законот за парничната постапка, но спротивно на членот 372 став 5 од истиот закон, во спорови за кои е изрично одредено дека за нив ревизија не е дозволена, како што се споровите од „мала вредност“, поради што утврди потреба од донесување на начелно правно мислење за начинот на одлучување по вака изјавена ревизија која е дозволена од второстепениот суд, како би се воедначила судската практика и обезбедило единство во примената на наведените законски одредби од Законот за парничната постапка…Текстот на начелното правно мислење во целост.
Начелно правно мислење за дозволеност на ревизија во постапки за заштита од дискриминација
Сентенца на Врховниот суд за повлекување на изјава за признавање на вина
Сентенца на Врховниот суд за конфискација на имот и имотна корист
Сентенца за недозволено барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда
Сентенца на Врховниот суд за одговорно лице во правното лице
Сентенца на Врховниот суд за пресметувањето трошоци во кривичната постапка
Правно мислење на Врховниот суд во врска со задоцнувањето на доверител
Правно мислење на Врховниот суд за трошоците за објавување пресуда
КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета
ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност
Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка
Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка
Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови
Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи
„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“
СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД
ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети
Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП
М.В