/ Прочитано:

2.426

Забрана за отворање стечај на фирма, една од мерките за справување со последиците од коронавирусот

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција во Владата презентираше нови мерки за справување со последиците од коронавирусот, Ковид-19.

Како што информираше министерот Бектеши на Седницата на Владата на предлог на Министерството за економија беше донесена одлука за замрзнување на цените на потрошен медицински материјал, медицинска опрема и материјали, потоа беше донесена одлука за укинување на царината на 13 медицински производи. Министерот информираше дека по барање на месната индустрија е донесена одлука да се продолжи квотата за увоз на замрзнато месо.

Донесена е исто така одлука за забрана за отворање стечај на фирма, а како што информираше Бектеши денеска до Владата е предложена уредба со која на туристичките агенции ќе им се даваат ваучери за откажаните аранжмани.

„На предлог на Министерството за економија, Владата донесе одлука за укинување на царинската стапка на 13 медицински производи кои се увезуваат во делот на потрошен медицински материјал. Со оваа одлука 100 проценти се укинува царината за: етилалкохол со 80% содржина на алкохол и повеќе, етилалкохол и други алкохоли, денатурирани, сапуни за тоалетна употреба, производи и препарати за миење на кожа, во форма на течност или крем и приготвени за продажба на мало со или без содржина на сапун, детергенти, препарати за перење и препарати за чистење, пластична облека и прибор за облека, текстилни драперии кој се употребуваат при хируршки процедури, маски пластични со текстилен филтер, очила со стакла од пластични маси.

Укинувањето на увозната давачка, царинската стапка на стоките ќе важи до завршување на периодот на постоење на вонредна состојба“, информираше Бектеши.

Во исто време како дополнување на одлуката која ја донесе Владата на 19 март, како што потенцираше министерот со која се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи и дезинфекциски средства, Владата на вчерашната седница ја дополни оваа одлука со што се замрзнуваат и цените на потрошен медицински материјал и медицинска опрема и материјали, на цената која што била утврдена на 11 март 2020 година кога Светската здравствена организација (СЗО) прогласи пандемија на коронавирусот, Ковид-19.

„Целта на ова дополнување е да се вратат цените на маските, ракавиците и друг медицински материјал и опрема кои што во изминативе неколку дена пораснаа за неколку пати поради зголемената побарувачка кај граѓаните како средства за основна заштита од коронавирусот. Овие цени како и претходната одлука ќе се применуваат до 30 април 2020 година“ кажа министерот.

Во делот на царината донесена е и уште една мерка која произлезе како барање на компаниите од месната индустрија. На предлог на Министерството за економија како што кажа Бектеши на вчерашната седница на Владата донесена е одлука за четири месеци да се продолжи рокот до кој месната индустрија ќе може да увезува замрзнато месо без царина, односно до 31 октомври.

„Исто така на предлог на Министерството за економија на седницата на Владата беше донесена одлука со која се забранува фирмите да одат во стечај за време на кризата со коронавирусот. Со одлуката се запира можноста за поднесување на предлог за поведување на претходна постапка за отворање на стечајна постапка и отворање на стечајна постапка на стечајниот должник за време на траењето на вонредната состојба. Исто така, сите започнати постапки, како претходна постапка за отворање на стечајна постапка и отворање на стечајната постапка над стечајниот должник, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба. Над стечајните должници кои ги исполнуваат условите за отворање на стечајна постапка или поведување на претходна постапка, нема да се отвораат стечајни постапки и да се поведуваат претходни постапки за време на траењето на вонредната состојба“, кажа министерот и додаде дека оваа одлука ќе се применува до траење на вонредната состојба и уште три месеци после тоа.

Министерот на крај информираше дека Министерството за економија до Владата достави уредба со законска сила со која се предвидува издавање на ваучери на туристичките агенции во вредност на сумата уплатена за аранжманот кој бил откажан како резултат на избувнување на кризата со коронавирусот.

„Со оваа мерка на туристичките агенции што работат outgoing (појдовен) туризам ќе им се овозможи да издаваат Ваучери во износ на уплатената сума којшто може да се искористи за било кое следно патување заклучно со 31.12.2021 година. На тој начин клиентите кои поради настанатата ситуација со кризата од Корона вирусот ги откажале своите аранжмани нема да ги изгубат уплатените средства на износот што го уплатиле, а во исто време туристичките агенции би можеле да го издржат финансискиот товар кој би се распределил на подолг временски период“, кажа Бектеши.
Според предлог уредбата, издавањето на Ваучерите ќе биде унифицирано за сите агенции и ќе се реализира со согласност од двете страни, односно туристичката агенција и патниците. Туристичките агенции кои ќе престанат да ја вршат дејноста ќе имаат обврска средствата во целост да им ги вратат на клиентите. Туристичките агенции кои нема да ги почитуваат условите за издавање на Ваучери, ќе добијат соодветни казни согласно законот за Туристичка дејност и Законот за прекршоци.

„Но, не само тоа. За поддршка на туризмот кој е најпогоден од кризата, на барање на Министерството за економија, Здружението за заштита на авторски и музички права ЗАМП донесе одлука да ги ослободи од плаќање надоместок за музика рестораните, хотелите, кафулињата и другите корисници на музика со оглед на тоа што не работат во моментов. Заедно со Фондот за туризам кој веќе беше формиран и со останатиот пакет економски мерки на кој што интензивно работиме можам да кажам дека ќе бидат прифатени сите барања на туристичкиот сектор кој е најпогоден од коронавирусот“, кажа министерот.

Дополнителни ограничувања на движењето на граѓаните

МТСП: Компаниите со производствени капацитети да се придржуваат до препораките за заштита на работниците

Фабриките ќе работат во смени и за време на полициски час

Соопштение за дневните дозволи за работа после 21 часот

Воведен полициски час

МВР и АРМ ќе прават детален оперативен план за спроведување најстроги рестриктивни мерки

Регулаторни измени за олеснување на финансискиот товар на корисниците на кредити

ХК: Работниците да не потпишуваат ништо без претходно да се консултираат со правник и со адвокат

Кривичниот суд: Листа со броеви на предмети по судии кои ќе се одржуваат во следните 30 дена

Нови мерки за заштита од коронавирусот

Адвокатската комора бара воведување економски мерки во врска со коронавирусот

Адвокатската комора: Не е време за лажна загриженост

Нови дополнителни мерки за заштита од коронавирусот

Бескаматни кредити, субвенционирани придонеси, намалена каматна стапка за кредити

Филипче: Што значи вонредна состојба?

При постоење на вонредна состојба Владата донесува уредби со законска сила

УЈП нема да доставува решенија за присилна наплата

Разлики во прогласување вонредна и кризна состојба

Уставните одредби за вонредната состојба

Кривичниот суд: Ќе се продолжи со судење само на итните и неодложни предмети

Владата: Вонредна состојба веднаш

Кривичниот суд: Вршиме темелна дезинфекција на судниците и на просториите

Управниот суд: Се одложуваат сите судења, освен итните

МВР: Изменето работно време на отсеците за управни работи

Да се продолжат роковите за отплата на кредитите и да има финансиска поддршка за компаниите, препорачуваат од „Фајнанс тинк“

Советот на Народната банка донесе неколку одлуки за поддршка на економијата  

УЈП: Се продолжува рокот за поднесување обрасци за даночниот биланс

Донесена пресуда за непридржување до здравствените прописи за заштита од коронавирусот

Граѓанскиот суд: Известување за одложување на рочишта

Предлог за издавање казнен налог против лице кое не се придржувало до здравствените прописи

Филипче: Апелирам до граѓаните да ги почитуваат препораките, eпидемијата е во силен ек

Народната банка: Заради заштита на здравјето да се намали употребата на денарската и девизната готовина

Судскиот совет донесе одлука за постапување на судовите во услови на зголемена опасност од коронавирусот

Советот за безбедност: Поставеноста на државата во овој момент е соодветна

Замрзнати цените на основните продукти

Препораки до Судскиот совет за судењата и препораки до коморите на адвокатите, нотарите и извршителите

Нови заострени мерки за заштита од коронавирусот

Задолжителни упатства на Јавното обвинителство во врска со коронавирусот

Министерството за здравство: Првата пациентка со коронавирус денеска заминува на домашно лекување

Одложување на мартовската уписна сесија

Адвокатската комора: Соопштение за работно време со странки

 Адвокатската комора со барање за воведување мерки за заштита од коронавирусот во правосудниот систем

Владата со нови препораки до работодавачите и до Јавното обвинителтсво

Воведена кризна состојба во Дебар и во Центар Жупа

Објавени сите забрани за ширењето на коронавирусот

Кривичниот суд во врска со коронавирусот: Пред сè адвокатите, кои се најчести „посетители“ на судот, совесно да се однесуваат

Најнова листа на земји со среден и висок ризик

Судскиот совет: Граѓаните да се јавуваат во судските постапки само ако е тоа неопходно

Министерството за здравство со нови совети за заштита од коронавирусот

Катастарот со променето работно време

Министерството за правда препорачува продолжување на судските постапки со зголемено ниво на претпазливост

МИОА апелира да се користи можноста за добивање услуги по електронски пат

Нови мерки за заштита од коронавирусот

Арсовска: Потребна е навремена помош за справување со ефектите од Ковид-19 врз економијата

„Фајнанс тинк“ за заканите од коронавирусот за економијата

Филипче: Препораките за заштита од коронавирусот важат и за приватните компании

МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште

НБ: Коронавирусот се одразува врз глобалната економија, но сѐ уште се неизвесни економските ефекти

Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка

Кривичните дела и казните за непочитување на препораките на Владата за коронавирусот

Интегрален текст на заклучоците на Владата за заштита од коронавирусот

Министерството за здравство со информации за заштита од коронавирусот

Градинките, училиштата и факултетите да бидат затворени следните 14 дена препорача Комисијата за заразни болести

Лекарската комора апелира лекарите и здравствените работници да се придржуваат до препораките за коронавирусот

ФИЛИПЧЕ: Граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од овој вирус

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

Препораки од Министерството за здравство за заштита од коронавирусот

Владата донесе препораки за заштита од коронавирусот

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

М.В