/ Прочитано:

863

Соопштение на Обвинителството за новите написи на „Ла верита“ за случајот „Рекет“

Италијанскиот весник „Ла верита“ во врска со случајот „Рекет“ објави дека Заев побарал од обвинителката Рускоска да деблокира 750.000 евра на бизнисменот Силјан Мицевски, кој ги префрлил на сметката на пензионерката Лилјана Тодоровска за проектот за изградба на дом за стари лица. Како што посочува весникот, еден ден по замрзнување на парите, Заев лично побарал од Рускоска да ги деблокира и за 48 часа таа наредила на надлежен обвинител да ги деблокира парите.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро ги демантира наводите изнесени денес во италијанскиот весник „Ла верита“ во текстот под наслов „Искри помеѓу Париз и Берлин поради Скопје. Канцеларката пробува да го спаси Заев“.

Невистинитите и непроверените факти во текстот, освен како моментална сензација за непознавачите на состојбите во нашата држава, не придонесуваат во остварување на каква и да е друга цел. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во неколку наврати укажа дека само официјално добиените информации од Обвинителството се веродостојни, што не е случај со објавениот текст.

Имено, во текстот се наведува дека висок функционер на политичка партија, со носечка функција во Собранието на РСМ е во куќен притвор. Точно е дека со новоотворената истражна постапка е опфатен и овој функционер, но за него по предлог на Обвинителството се изречени алтернативни мерки за обезбедување, односно одземање на патна исправа, забрана за напуштање на живеалиште и престојувалиште и јавување во судот еднаш неделно.

Понатаму во текстот се вели дека од Управата за финансиско разузнавање е добиена потврда за фактот дека врз база на сомнение за незаконски дејствија во ноември 2018 година е замрзнато плаќањето на 750.000 евра извршено во корист на физичко лице поврзано со хуманитарна организација против која Обвинителството води истражна постапка. Во продолжение е истакнато дека без ниту една дополнителна истражна активност парите биле префрлени на сметката на примателот во следните 48 часа по наредба на сегашниот основен јавен обвинител Вилма Русковска. Во однос на ова, Обвинителството цени дека јавноста треба да го има предвид фактот дека Управата за финансиско разузнавање кон крајот на 2017 година до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави иницијатива за сомнителни трансакции во износ од 719.000 евра. По оваа иницијатива постапуваше надлежен обвинител и донесе наредба за замрзнување на средствата, како и наредба по која постапуваше Управата за финансиска полиција. По добиените известувања од Управата за финансиска полиција дека нема основи за сомневање за извршената трансакција, на 12.4.2018 година средствата беа одмрзнати и според наши сознанија подигнати наредниот ден (13.4.2018 година). Советот на јавни обвинители на 14.11.2018 година, седум месеци по подигнувањето на средствата, ја избра Вилма Русковска за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Обвинителот што се споменува во текстот е дел од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и негова должност и обврска е да соработува и да одговара како пред основниот јавен обвинител, така и пред јавниот обвинител на РСМ. Наводите изнесени во текстот на „Ла верита“ за наводно негово сведочење пред јавниот обвинител не ја отсликуваат вистината.

Водејќи се од големиот интерес на јавноста, но и од сензитивноста на предметите, особено оние што се водат во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Обвинителството секојдневно настојува во рамките на можностите да сподели детали што нема да им наштетат на истрагите, а на јавноста ќе ѝ овозможат да има реална слика за текот на постапките. Со објавување на ваков вид текстови, и тоа во странски медиуми, се повредува пресумпцијата на невиност, се загрозуваат животи на инволвираните лица и воопшто сe отежнува текот на постапките.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ѝ укажува на јавноста дека ваквите непроверени информации со ограничена цел нема да влијаат врз решеноста на Обвинителството професионално и неселективно да ја врши својата уставно определена надлежност и да ѝ застане на патот на корупцијата“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Кривични пријави на УJП против повеќе правни лица поврзани со Бојан Јовановски

Обвинителен акт за предметот „Рекет“

Соопштение на Кривичниот суд за куќниот притворот на Јасна Мандиќ и за мерките за претпазливост на другите лица

ЈО: Под истрага нови лица во врска со случајот „Рекет“, меѓу кои и еден функционер

Бојан Јовановски во Обвинителството

Предложено основање на Анкетна комисија за утврдување злоупотреби во работењето на СЈО

И Бојан Јовановски останува во притвор

Апелациониот суд ќе одлучува за притворот на Бојан Јовановски

Јанева останува во притвор 

Увид во доказите за случајот „Рекет“

Кривичниот суд: Определен куќен притвор за Зоран Милески

И Катица Јанева ќе врши увид во доказите

Јанева повикана во Обвинителството

JO: Завршена истражната постапка за осомничените во „Рекет“

Во Обвинителството Бојан Јовановски дава исказ за случајот „Рекет“

Нови искази во Обвинителството за случајот „Рекет“

Продолжен притворот на Катица Јанева за нови 30 дена

Обвинителството бара продолжување на притворот за Јанева

Специјалните обвинители се враќаат во матичните обвинителства, одлучи Советот на јавните обвинители

Законот за СЈО: Мандатот на јавните обвинители нема да го надмине мандатот на јавниот обвинител

Продолжува постапката за разрешувањето на Јанева

Пратеникот Кирацовски во Обвинителството за случајот „Рекет“

Извештајот за Катица Јанева пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата

Јавното обвинителство: Ќе го разгледаме поднесокот од Јанева

Соопштение на СЈО за полномошното од Јанева

Пратеничката Ременски во Обвинителството за случајот „Рекет“

Започна постапката за разрешување на Катица Јанева

Извештајот за Јанева доставен до Советот на јавни обвинители

Жалбата на Катица Јанева за притворот одбиена како неоснована.

Законските одредби за разрешувањето на јавниот обвинител кој раководи со СЈО

Етичкиот кодекс на јавните обвинители за односот на обвинителот со обвинетиот

Начела до кои обвинителите се должни да се придржуваат според Етичкиот кодекс

ЈО прибира вербални докази за случајот „Рекет“, изјави дале градоначалниците на Карпош и на Битола

Определен притвор за Јанева, Обвинителството продолжува со истрагата за случајот „Рекет“

Детали од Обвинителството за истрагата против Катица Јанева, која денеска беше приведена

Јанева не чувствува вина за „Рекет“

Катица Јанева дава исказ во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“

Обвинителот Рустеми од СЈО ќе дава исказ во Обвинителството

ЈО: За случајот „Рекет“ во тек е финансиска истрага и прибирање на доказен материјал

По предлог на Обвинителството продолжена мерката притвор во предметот „Рекет“

Пендаровски: Не го дискредитирав Јавното обвинителство

Обвинителството со соопштение до јавноста за изјавата на Пендаровски и случајот „Рекет“

Обвинителката Стефанова ќе дава исказ во Јавното обвинителство

Пендаровски: За случајот „Рекет“ правосудните органи да ја истераат работата докрај

Јанева и Стефанова со изјави за објавените снимки за „Рекет“

ЈО за снимките за „Рекет“: Станува збор за материјали кои се дел од доказната постапка

Објавени нови снимки за случајот „Рекет“

Објавена видеоснимка за случајот „Рекет“

ЈО прибира вербални докази за случајот „Рекет“, изјави дале градоначалниците

Катица Јанева разрешена од функцијата

СЈО му ги предава предметите на Јавното обвинителство

Блупринт-групата: СЈО како институција треба да продолжи со работа

Соопштение на СЈО: Подготвени сме веднаш да ги предадеме предметите на Јавното обвинителство.

СЈО: Немаме добиено писмен допис од Јавното обвинителство

Јанева вели дека не ја злоупотребила должноста

ЈО: Пронајден е вториот мобилен телефон на Катица Јанева

Отворена истрага и предлог за притвор за две лица осомничени за примање награда за противзаконито влијание

Оставка на Катица Јанева

Коментари на Блупринт-групата за Предлог-законот за јавното обвинителство

Консултации за Законот за јавното обвинителство и различни ставови на експертите

Предлог-законот за јавното обвинителство на второ читање пред Законодавно-правната комисија

Законот за јавното обвинителство пред Законодавно-правната комисија и пред Комисијата за европски прашања

Предлог-законот за јавното обвинителство на собраниска седница по скратена постапка

БЛУПРИНТ ГРУПА: Донесените закони се добра основа за промени, потребна е доследна имплементација

Заклучоци од конференцијата „Поглавјето 23: македонското сидро или едро“

Блупринт групата достави конкретни решенија за Предлог-законот за јавно обвинителство

Извештај во сенка за Поглавјето 23 за периодот јуни 2018 – март 2019 година

Дијалог за реформите во Поглавјето 23

Граѓанските организации реагираат поради недоволната вклученост во подготовката на законските решенија

Позитивно мислење на Венецијанската комисија за Законот за Судскиот совет

Мислењето за измените на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет на пленарна сесија на Венецијанската комисија

Министерството за правда продолжува со консултациите со политичките партии за Законот за јавното обвинителство

Анализа за трансформацијата на СЈО и проблемот со неговата уставност

Министерство за правда: Законот за јавното обвинителство е закон без скриена амнестија

Граѓанските организации бараат повлекување на Предлог-законот за јавното обвинителство

Јавниот обвинител на СЈО за својата работа ќе одговара пред републичкиот  јавен обвинител

Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО

Новините во предложените измени на Законот за Советот на јавните обвинители

Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО

СЈО да биде дел од ЈО, со посебна автономија

Јовески: Да постои единствен закон за Јавно обвинителство, во кој би се вклопил и Законот за СЈО

Објавен текстот на Предлог-законот за Специјалното јавно обвинителство – се предвидуваат нови надлежности на СЈО

М.В